во (предл.) - жештина (имн.)

Јадеа безволно зашто во жештините апетитот е нула.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ноќта, кога се колнеа во љубовта што го потврди непишаното правило дека таа може да се роди и на прв поглед, Авни ја преточуваше нејзината долга коса низ прстите велејќи ѝ дека тоа го потсетува на заграбите трева во ливадите на Орлик, кога како дете ги пасел говедата. Ѝ велеше дека нејзината коса го потсетува на мирисот на тревата, на питомото и дивото што извирало од нејзините жилки, претворајќи се во жештина што треба да се истури и дека тој ја чувствува таа потреба затоа што топлите, танки прстиња на Сања, веќе се шетаа по брановите на неговата црна коса, по тилот, и продолжуваа по вратот, по рамената и надолу по грбот, слегувајќи како повев на јужен ветар на страните од бутовите во кои Авни ја нафрли сета своја машкост вовлечена меѓу широко раширените нозе на девојчето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Токму пред небото повторно да размисли, дали да се олесни од дождоносните облаци или не, силното и темно тело искокна од прозорецот на приземјето, што водеше од станот на К* и со радосен лаеж на одново стекнатата слобода бргу исчезна во жештината и правот на неделното попладне. 102 okno.mk СОВРЕМЕН АМЕРИКАНСКИ РАСКАЗ 3 $ Илустрација: Sam Brewster Маргина 35 103 В о овој дел од комлексното претставување на американскиот современ расказ во Маргина решивме да се вратиме малку наназад, во шеесеттите и седумдесеттите, и да ги претставиме “корифеите” на американскиот постмодернизам, Роберт Кувер, Доналд Бартелми и Вилијам Гес (тука сигурно спаѓа и мошне влијателниот Џон Барт кого го претставивме минатиот пат но со расказ од неговото најново творештво).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Песокот е оган и бродот е сребрен оган во жештината на денот и убаво е да се почувствува жегата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше пладне и улицата мируваше во жештината, па Зоки брзо ја виде Лидија која се враќаше од градинката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И четири часа во жештина летна планините ечат и бојните труби, и екотот страшен со викот се сретна, во усои горски со одек се губи.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)