во (предл.) - жила (имн.)

Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крвта в жили се смрзнува, протокот нејзин од никаде, со ништо, а сепак некој го сопира.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Пашата избезумено гледаше. Крвта му накипе во жилите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
„Не, не! Јас мразам змии. Не можам да ги поднесам змиите. Ми ја смрзнуваат крвта во жилите.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А сепак, морничавото волчешко завивање му ја замрзнуваше крвта во жилите, му ги запираше мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Им јурнала наеднаш крвта во жилите и ги преполнила со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И се изврев некако од под труповите и крвта ми се пушти во жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го почувствувал студенилото на долгата пушка, воздивнал влакнест како овен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога размислувал, пребрзо остарувал: господи, лежи сега под две топли јамболии жена му Фросина и го мисли или го сонува, децата спијат стиснати еднододруго, тлее жар во огништето, трча околу куќата црноглав пес - тој овде е мртов и судија на мртовец со зла крв во жилата на челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крвта во жилите течеше, тоа веќе беше некакво чувство, најпосле нешто работевме што потсеќаше на животот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно го насланил во жилите, му го подјал коренот, го попарил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)