во (предл.) - задача (имн.)

— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се појавиле повеќе организации кои си ставиле во задача да влијаат на јавното мислење со што би го определиле ставот на САД спрема веќе започнатата војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие организации со својата гласност посебно се истакнувале Комитетот за одбрана на Америка по пат на помагање на сојузниците и американскиот (изолационистички) Прв комитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)