во (предл.) - задруга (имн.)

И само со тоа сакаат да се смешаат, да влезат во задругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коњот живееше во Задругата само тоа лето. Беше нивниот најдобар задружен коњ, но некој го претера и тој пцовиса, превивајќи се брефтајќи и со подуен стомак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше едно такво време, а и сега е едно такво време, што зачленувањето во Задругата беше неминовно, а оној сето тоа време беше Претседател. Задругата, мислеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу селани се призапишаа во Задругата, слушајќи го него, а Змејко доста долго им зборуваше за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Братот му рече дека тој, Змејко, и покрај сѐ друго, треба да се запише во задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со тој човек Змејко беше заедно уште од првиот ден во Задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој со таа доверба разговараше и со мнозина други селани и тие се запишаа во задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тешко се одделуваа од живината, па и од крупниот добиток, кој обично мораше да остане во задругите, за на крајот да останат со козите, од кои немаше закон или сила што можеше да ги оддели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)