во (предл.) - записник (имн.)

Потоа во записникот се вели дека, според проектот, водата од акумулацијата ќе достигнела највисока точка од 52 метри.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не се кажува точно што сѐ ќе покрие, но се подразбирало, секако, дека ќе го покрие селото Долнец, бидејќи во записникот се споменува отштета од државата за евентуално одземени имоти за потребите на акумулацијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Фискултурецот така и запиша во записникот што го водеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Донски уште рекол, а тоа влегло и во записник, дека Орденот треба да биде од последниот, од третиот ред, макар што во предлозите не било вообичаено да се нагласува степенот на Орденот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека на Брзакот му ги зема потребните основни податоци, почнувајќи од името и презимето, на Аспасија ѝ дава доволно време таа сѐ што треба и како треба да внесе во записникот, особено сѐ што тој мисли дека треба да биде внесено, а потоа, по мала пауза на којашто и го дава нужното значење, му дава збор на „застапникот на подносителот на барањето за поведување дисциплинска постапка“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како заклучок, пиротехничарот во записникот внесе: „На мислење сум дека потресите од експлозиите влијаат на оштетувањето на куќата само околу 25%.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Додека гостилничарот Трифо Саздов ги соопштувал овие податоци, во записникот е наведено дека тој ги одвел инспекторите до прозорецот и со кренат прст покажал кон патеката по која слегувал градскиот човек пред да влезе во гостилницата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)