во (предл.) - запрега (имн.)

Пченката не ја береше со своите брзи раце, туку сама ги креваше кошовите и ги истураше во запрегите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека така ја креваа вреќата, додека седеа една крај друга на штицата горе во запрегата со камшиците во рацете, знаеше да ѝ дошепне Ми жента е кту нивта, шо да брцниш у неа ки никне! или надвикувајќи го свирежот на ветрот То шо никнува и да умјаса на таткото, душта може уд мајкта да а има!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мажите ги тераа запрегите, а учениците и жените ги полнеа кошовите кои потоа се товараа, односно се истураа во запрегите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Танаскоица, активирана како работничка, не само што ѝ беше убаво што работи, туку заради она еднаш што му го рече на Танаско дека Ќе дое ред, ки са виде! постојано сакаше да биде покрај Пелагија, ѝ се залепи како сенка, ако Пелагија вртеше на едната машина, таа вртеше на другата, ако Пелагија креваше вреќа, таа се појавуваше од другата страна на вреќата, ако Пелагија скокнеше во запрегата, таа веќе е до неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живееле во големи велелепни куќи со по триесет слуги, се возеле наоколу во автомобили и во запреги со четири коњи, пиеле шампањско, носеле цилиндри...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)