во (предл.) - затвор (имн.)

Амстердам: 12 февруари - сослушување во врска со делото под наслов Супрематистичко (Бел крст на сиво) од Казимир Малевич што се наоѓа во Стедејлик музејот во Амстердам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Судот донесе одлука Александар Бренер да ги помине во затвор следните 14 дена, до 26 февруари кога ќе биде изречена конечната пресуда...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Учителот знаеше: тужба, па на суд, козата под нож, а тој во затвор. Немаше избор...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Даме го потпиша листот за „долгот“ од 500 лири и „трговецот“ излезе надвор од затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, кој е револуционер, - рече Гоце - на сè треба да биде готов: ќе падне в затвор, ќе го тепаат, ќе го мачат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Вака е најсигурно да се влезе в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѓорче му ја затна устата со рацете и му шепна: -Шшшшштттт!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тука, во затворов, има еден човек од Македонија, - почна да објаснува Ѓорче.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сега слушам дека е кај вас в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Немаше ден да нема некој в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Откаде ќе знам, кога цел ден сум како в затвор во военото училиште.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце се доближи до железната решетка од прозорецот на затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Денеска е недела, кога затворениците се посетуваат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да знае дека и за моите пари може да лежи в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Старите пријатели и другари поразговараа, се прегрнаа со Дамета и си отидоа, а Даме остана во затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Коњите како на крила, во галоп, го однесоа „трговецот“ надвор од Битола...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Другата недела пак Гоце излезе во градот како и другите ученици јункери и питомци од военото училиште во Софија. Тој дома пак го посети Ѓорче Петров.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За мала една грешка се лежеше в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еве, носам книга да потпише.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Гоце, Гоце! - викна некој низ прозорчето.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Просто се чувствуваше како во затвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тоа е ваша работа, - додаде Ѓорче Петров.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Имаме еден пријател и роднина тука во затворов. Сакаме да го видиме и да го посетиме...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Како што гледате, како в затвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тука не можам да читам книги што ги сакам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден од кодошите што го прати дедо ми во затвор живееше неколку врати понатаму во истата зграда.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знам дека снаа ми Христина се породи во затвор и роди чупе.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги затворија во училиштето, а утредента ги однесоа во Лерин, во затвор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога ја виде Слобода, таа беше многу слаба и малечка, како дете родено во затвор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Раководител на градот го пикнале! Ќе изгниеше во затвор поради аферата во Ракитница ако не прежалев сто лири за рушвет!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ДИМО: Ти својот долг го исполни … Во затвор лежеше до вчера …
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Петровски беше исто студент, но не ги продолжи студиите, го зедоа право в затвор, а после го интернираа некаде во Бугарија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во затворите секаде има два режима. Еден воведен од власта, другиот од самите затворници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што сторил — ќе си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поради својата активност бил во затвор две години. Умира во Моравија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Додека беше во затвор остана без двете жени - Розмари, со која се беше оженил, и Џоана.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Откако Никсон неславно падна, по 32 месеци во затвор, Лири излезе на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И Лири го пикнаа во затвор поради банално поседување марихуана.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Метакот, пак, немаше скршен денар во џеб и беше класичен пролетер, а одењето во затвор само би му ги кренало акциите и би станал македонски Тупак, но знаеше дека Шајчевска блефира и си ги крева сопствените акции, а основ за тужба има толку колку што Обама е миротворец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Жан: Бандава ќе постои и кога ќе бидеме во затвор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Помислете на пример, на сето она што ве разликува од Fransois Villon, поет од XV век, додека ги читате неговите балади напишани во затвор: друга личност, од друга епоха, во затвор, пишувал на старофранцуски, па уште преведен на македонски.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас тогаш бев во затвор. Слушнав дека умрела.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Некогаш го мачеле во затвор, сега се мачи во сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- А во затвор, го бараше ли во затвор?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се врати на штицата за седење, извади цигара, не да ја витка туку да ја омекнува меѓу прстите, па се сети: - Еден средношколец, врска меѓу одредот и илегалата, падна во рацете на полицијата кога се враќал од планина в град, не го издржал тепањето во затвор и еден ден, поправо ноќ, не се вратил откај иследникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За затворот, за мачењата во затворот. - А ти го потпрашуваше? - Природно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
3. Баге од немајкаде стана новинар. Во последниот клас од гимназијата и во последната година од окупацијата, не падна на матура ами падна во затвор
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако беше исфрлен од Универзитетот и мина мачни години во егзил и в затвор, кога се врати, му дадоа да работи во тогашните библиотеки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Голем некој ан, карван сарај, со многу соби, а бил претворен во затвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кога дедо Иван се подготви да го каже најинтересното, она за страдањата на неговиот дедо в затвор и за времето на Уриетот, дојде Бојан, носеше кошничка и малечко грнче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Куќата набрзо беше урната, мачката отруена, синот исфрлен од училиштето, жената во лудница, а филологот во затвор поради инцест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Не, никако, не во затвор... - велам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Онаа Пандојца наша, другарите ја пуштија да подреми в затвор колку за ука на овие што азганисуваат овде по селото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мисата ја водеше Дон Симон Јубани, кој беше минал 26 години од животот во затвор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се обвинувам, а истовремено се тешам: не ќе да е така!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа значи дека вистината е прилично видлива, иако, и покрај сите настојувања, ќе остане понекое прашање што нема до крај да се расветли!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога се сретнав со службеното лице што го пополнуваше формуларот за моето отпуштање не пропуштив да прашам кој ден во неделата сме и колку имам поминато в затвор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сигурно и тој се сомнева, особено сега, откако се наоѓа в затвор, дека некој друг од личен интерес го туркал во овој правец".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги проверив личните податоци на затвореникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и јас, иако сум речиси сигурен дека со ништо не придонесов детето да се најде в затвор, сепак се сомневам дека и кај мене може да лежи дел од вината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не личат на соништата од обичниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ах, тоа ве интересира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Внимателно ги разгледав документите и извештаите на иследникот Кожинката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во настанов за кој зборуваме нема тајни, барем во оние делови што се однесуваат на мојата улога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во затворот соништата се прилепуваат до јавето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таквото однесување зар не е слугување на гревот? (Ова грев, сфатете го според објаснувањата на берберот Среќко кој, и покрај трите месеци поминати в затвор, не престана да се препорачува како единствен претставник на Господа во нашето место).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да ме побара по телефон другарката секретарка Егејката Филимена за да дознаам дека Иван е во затвор и дека мене ме повикал Ѓурчин за да утврди колку сум виновен за неговото однесување!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН Во затворов соништата се чудни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А знаеш ли, за ова и во затвор се оди?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме праша што стана со Фискултурецот; му реков дека беше казнет поради тоа што претепал ученик, и дека потем заглави и во затвор, затоа што ги беше претепал и својата некогашна жена и нејзиниот сопруг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И за прашување се одеше в затвор.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Десетина биле уапсени како „комитаџии“ и малтретирани. Шестмина од нив умреле во затворот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш по изрекувањето на пресудата, тие биле заедно в затвор и потоа на заточение.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така властите сите оние што полицијата во моментот на нередите ги затекна на улиците и ги довела в затвор и сите оние што без никаква вина биле ранети од башибозукот и биле доведени во болницата, ги третирале како “виновници“ за она што го предизвикала муслиманската толпа со помош на некои органи на власта.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие несогласувања продолжиле и сега кога сите се нашле в затвор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По атентатите, тој бил уапсен и задржан во затвор повеќе месеци, иако немал абер за дејноста на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Силјанов пишува дека „дрдорливоста“ на атентаторите ги отерала в затвор членовите на ЦК на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
До завршувањето на судењето на останатите живи атентатори, тој можел релативно лесно да го оправдува држењето во затворот на голем број луѓе, и тоа го правел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првиот дошол во Скопје, каде што по извесно време бил уапсен од властите и задржан во затвор, а вториот дошол во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас реков, „Во затвор полн со дрогераши, сите ќе знаат дека не се викам Кос. Одбивам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ми рече “За да те заштитиме, ќе те водиме овде под лажно име”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да бидам искрен, никогаш не ми се допаѓала идејата за вечера и кревет по три пијалока, и девојките што се однесуваа како да биле во затвор шест години и излегле токму на време да се нашминкаат и да скокнат во твојата кола.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бреда - тоа е нејзиното име, Бреда Друнхил, на самиот звук на нејзиното име се топев - Бреда беше поинаква.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој рече, „Добро. Ќе мораме да те ставиме во самица.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така завршив во затвор наречен Сендстон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас реков, “Правете што морате, но јас сакам да бидам таму под моето сопствено име.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога стасав таму, имаше промена на облеката и тие рекоа “Управникот сака да те види”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе ја пуштеа, Клара се среќаваше со Сара и со мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја носеа в затвор и ја обвинуваа дека дејствува не против општеството, туку против човештвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзините престои во затвор беа куси, неколкудневни, оттаму секогаш излегуваше со модринки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа никогаш не сакаше да ни кажува ништо за затворската суровост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти велам: полесно е во вриежот горе, отколку во затворите долу.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако само еден од нив признае а другиот не, тој што признал ќе добие имунитет и ќе биде ослободен а тој што молчел ќе оди во затвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Доколку обата затвореника признаат обајцата ќе одат во затвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не беа изминале уште петнаесет дена откако беше дојден последниот пат во затворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Виновниот знае да се чува. Ете, за права бога, го спикале него во затвор. За туѓа вина и за туѓи гревови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од прилозите за место Камилски ги издвои заемките: ичери, внатре (во значење в затвор); карши, преку, наспроти; карши- карши, едно спроти друго.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко се насмеа, а Камилски му рече дека тоа е неговиот таен дел на библиотеката, во која некогаш криеше книги поради кои можеше лесно да настрада, па наместо во библиотека да се минат неколку години во затвор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И јас страдав од тој режим, дури во затвор одлежав, поради моите книги во одбраната педагогија, книги купени од Вашата книжарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше повеќе работа со прилозите за количина, тој овде запре на заемките: баеги, прилично, доста; ич, ништо; ексик, помалку од мерата; ептен, сосем, наполно; коџа, прилично, доста, многу; тамам, точно по мера; фазла, повеќе, и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети ќе го мине периодот од мај 1919 до јули 1929 година во затвор во Малта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше горд што другарите борци од шпанските боишта не го заборавиле, а овдешните дури во затвор го тупнаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никој во семејството не смееше да го буди цариградското време, ниту Мајка, ниту ние, децата, ниту неговиот најблизок пријател Климент Камилски, кој дотогаш му се исповедувал на Татко за најскришните настани од животот збиднати во Франција, Шпанија, во борбите во земјата, во затворот на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
“ „Ги држат в затвор а кришум одат по нивните траги“, скоро шепотеше попот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој е, се врати, без вина никој не векува в затвор, а таа, ако чека друг, ако се надева на скокотлива ноќ, се излагала, тој сега ќе е стражар над нејзината постела.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во меѓувреме, Деница ме посетуваше во затворот. Ја испраќаше ли некој кај мене? Не знам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„И Африм е во затвор,“ реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше скршен. Во затворот му однесов книга од некој Вацлав, од некој Чех, Хавел, а тој ме правеше луда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема се тргна од мене и почна да се смее со слаткост во кикотењето што се упатува на дете кое не знае да ја игра играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако некој им откажел послушност, тие можеле да го фрлат во затвор, да му ја одземат работата и да го остават да гладува до смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гледаа на нив да биде испишано името на затвореникот и годините кога лежел в затвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И, еве уште што: божем многу ослабел во затворот и прва работа му била да нарача котлети и шише шампањ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И се покажа дека тој неколку години одлежал во затвор, поради некоја романтична тепачка и сега патува во странство, засекогаш. Некој си - Барбашин Леонид Викторович.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На насловната страна на тој 4 јуни 1968. беше Валери во затвор, со утринскиот примерок во рацете. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 229
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа е како да си во затвор. ñКога би то дал една црна кутија којашто може да прави сѐ, што би направил со неа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што се однесува до Валери, таа сѐ уште беше во затвор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прво бев во затвор. Потоа, по Watergate, настапи Никсоновата толпа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, и тие ги осетиле стравотиите на бомбардирањата. Бегањето во скривниците. Затворањето и мачењето на блиските во затворите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Откако ја свршија оваа работа, им ги стегнаа рацете наопаку со белегзиите што ги имаа и во затворот, но затоа пак им ги ослободија нозете од тешките пранги за да можат да одат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А можеби и друго да се случи: воопшто да не се распрашува кој зошто допаднал во затворот, ами просто напросто да нареди сите да се фрлат во морето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Останаа поп Јаков со дружината во затворот од тврдината да чека со што казна ќе ги накажат аџиите и забитот, ако навистина не ги пратат кај султанот да им суди лично тој, како што им ветуваше аџи Јане кога ги наговоруваше да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од часот кога слушна дека Димостен е в затвор Пелагија живее во неговото одајче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ДЕВОЈКИТЕ: (Пеат тивко) Дал ми ти говорев, море девојче, не оди рано на вода, чешмите ни се, мори, далеку...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи): Гледај ме, гледај, либе ле Цвето!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- „Извини, Парис, кажи искрено: како си помина во затвор лани?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го затворија, беше докажана неговата апсолутна невиност, но поради славното семејство, класната непомирливост го задржаа во затвор и на крајот, го осудија на шестмесечна условна затворска казна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Хичкок: „Погледнете ги само весниците кои сакаат да покажуваат луѓе што одат со лисици во затвор”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние се досетивме дури кога едно време бугарската власт Еда го стави в затвор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама в затвор беше за негова среќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
После и в затвор заедно лежеле онаму горе кај Црни мост, во истата зграда што беше интернат и во која после тие двајцата лежеа в затвор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Партизаните мене ме затворија на 7 ноември 1944 година и ме судеја и ме ослободија на 4 мај 1945 година, цели пет месеци и 27 дена лежев в затвор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„... Сврделот беше в затвор за време на бугарската окупација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И в затвор има бидено во бугарското.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаете како е во затвор. Таму мажите се најмачни за таа работа, а тоа детето се погоди со едни газиња какви што ни жена не ми има ставено во раце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И, се знае – в затвор во Идризово.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Затворениците требаше да се вратат во затворите, меѓутоа Сталин им се смилува, ги ослободи, а тие кутрите, работејќи на каналот, ја доживеаја најголемата казна. Беа повеќе мртви, отколку живи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вака спокојно си останувале в затвор.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зар мене најде да ме избереш? Што сум ти згрешил, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Веројатно ќе свратеше во затворот, ќе го посетеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако требаше некого да го клаат в затвор, тој требаше да биде првиот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сета окупација ја помина како фотограф на окупатоторт.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој претендираше да биде естетика и форма, но всушност го бранеше својот морал и отиде во затвор поради него.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Па, да, еднаш јадев грашок.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
3. Сето тоа го слушав во затворот кај татка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во затворот е секогаш така: нешто правиш, нешто мораш да расипеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во затворот е најтешко ако не знаеш, што се вели, ако нема кај да го пуштиш умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И добро што стана така: при посетите во затворот дознав на чија страна е вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе го следи, од затвор во затвор, за најпосле, на 3 декември 1959 г. да го дочека неговото конечно ослободување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А за дождот и да не говориме: капне ли врз неговата глава, тој веќе в затвор го става.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Васил мој непријател, Ѓорѓи мој во затвор!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако имаш нешто да приговориш, не ме интаресира. За ова што го направи, можам пак да те вратам во затвор. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: Знаев, но не сум виновен. Не можам јас во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Архангел Михаил оди во затвор. (Го фаќа Михајло за мишка. Доаѓа до Евто. Го фаќа. Евто се извлекува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИХАЈЛО: Слободни сме. Ме разбудија во затворот од најсладок сон.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Овој човек господа бил во лудница. Две години. Прво бил во затвор. Обвинет за работи против царството. Нешто политички, како обичио. Таму полудел. После две години е пуштен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сѐ што се проба е смртен грев. За сѐ што се проба се оди во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
РАЈНА: Каде отидоа? КИРО: Во затвор. РАЈНА: Што се договори со Евто?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Значи ти размислуваш. (Пауза) Јас имам доста интересни размислувања во моите дневници. Пишував дневници во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби може полека ако се џвака, докторите велат по триесет и два пати ако се џвака секој залак може да се биде посит. Во затвор се размислува за сѐ во врска со животот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: До вчера лежеше во затвор сега се шета со клучовите од затворот околу прст.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој податок лесно одговара на прашањето зошто некој би сакал да биде во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе те снема на правда божја. Седум години во затвор, две години во лудница.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Пауза. Пие.) Ти не знаеш зошто јас лежев во затвор. На сите различно им кажувам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вие ми ја потпишавте казната, ефенди Кајмакам. Не се сеќавате. Бевте пијани. Седум години во затвор. Две во лудница.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СИМОН: Ќе црвосаш ти во затвор, ама јас нема да дојдам да те посетам. Нека ти носат комунистите храна. Ако некој од нив остане на слобода.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кутрата Анка, сега има намера да оди дури до Атина каде што Љубе-Шеќер лежи в затвор за да проба да го извлече некако.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)