во (предл.) - заточеништво (имн.)

Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Персеј остатокот од својот живот го поминал во заточеништво на островот Елба. Умрел меѓу 163 и 161 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сите овие биле осудени на над 10 години строг темничен затвор и биле праќани во заточеништво.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)