во (предл.) - изградба (имн.)

И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кај нас, резонираше Чанга, навистина се посебни условите во изградбата на социјализмот, па затоа козјото прашање треба правилно да биде решено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неуловливиот комита е меѓу своите другари во изградбата на првата фабрика која за народната борба ќе произведува оружје и муниција.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да знаете: кој се бори за слобода, не умира дома на постела, тој ќе умре во борбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во неговата Германија, за Бојс се зборува како за најзначаен уметник во повоена Европа и тоа со почитувачки тон, претходно резервиран за фигури како Гете.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Недалеку од неговото родно место, близу до границата со Данска, во изградба се архив и музеј, посветени на Бојс, во вредност од 25 милиони долари.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А подолу, во еден прикриен залив, се издигаат хотелите на „Сани-бич“, но во изградба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И денес на овој фронт нашите градежници од „Бетон“ изведуваат сложени операции во изградба на Топланата и сиот транспортен систем на топловод.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И она што е можеби најважно за концептот на социјалната архитектура, постои голема веројатност дека кај учесниците во изградбата ќе дојде до идентификација.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сакав со него, во дотек на нови илузии во мојата свест, да го продолжам претходниот разговор, наивно верувајќи дека ќе го разуве­рам со нови сигурни елементи за погрешниот пат што го избрала мојата родна земја во изградбата на социјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во прв ред неизневерената комунистичка вистина за нашиот правилен пат во изградбата на бескласното општество.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја пресечува патот во изградба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Натамошниот тек на авенијата е во изградба и крајот не се гледа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нивно место и во дел од некогашниот двор се извишува десеткатница во изградба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Три жичарници, четвртата во изградба, водат до врвот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човекот се сврти на запад и, покажувајќи со рака, почна да не убедува дека со оваа кола не би можеле да одиме таму, бидејќи патот е во изградба и многу е раскопан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
12. Од Корча заминавме утрото. Возам по калливиот пат што е во изградба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Басовите не престанаа да ѕвечат по прозорските окна, и можев добро да ги почувствувам во нозете, како што можев добро да ги запомнам и боите на парчињата облека коишто висеа на темелите на ова диско додека сè уште беше во изградба.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Еден од адутите во мојата дипломатска мисија во билатералните односи на Југославија со Тунис беше како да се задржи Хидротехника, специјализирана во изградба на песочни брани, по две децении успешен настап во градбата на најзначајните песочни колинарни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски беше посебно импресиониран од бројот на турските заемки од областа на градежните материјали кои навлегле во балканските јазици од кои некои се употребуваат и денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу називите за разните јавни објекти тој ги издвои следните: амам, стара турска бања (од турски hamam); ан, хан (од персиски han); карван-сарај (од персиски kervansaray); конак (од турски konak); механа, меана (од литературен персиски meyhane); кафе, кафеана (од арапско- персиски kahvehane); топана, место каде што се изработувале топови, склад на муниција); кале, тврдина, град (од арапски kale); кула, тврдина, висока беговска куќа (од арапски kule); бина, голема зграда, куќа во изградба (од арапски bina); тарапана, место каде што се коваат пари (од персиски darbhane); апсана, апс, затвор (од арапско-персиски hapishane).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и јас и децата имавме "мал" придонес во изградбата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Јас сум во ваша служба” реков возбудено. ,,Вие сте определен од Партијата да учествувате во изградбата на Беломорскиот канал” ми рече претседателот во заповеден тон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Испитано е дека таа сигурно ќе го крене нивото на Езерото, од кое зависи и ефикасноста во изградбата на нашите хидроцентрали на реката...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Советските браќа ја продолжија големата борба во изградбата на новото општество од значење за човештвото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ослободителниот марш на нашиот Сталин, мора да продолжи и во еланот на работничката класа во изградбата на нашата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сигурно тој облик им изгледал “необично” на “нормалните” луѓе кои биле вклучени во изградбата на овој објект за ментално болни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога татко ми во 1919 година замина на студии во Цариград, и се најде кај својот вујко Фетхи Беј Окијар, тогашен премиер на Турција, кој му овозможи во својата летна резиденција на островот Бујук Ада, близу до Царград, да се види со Ататурк и да му биде предложено да им се придружи во изградбата на новата татковина, татко ми неочекувано се врати на Балканот со својата отоманска кадиска диплома но и со нови книги од турското и европското право...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)