во (предл.) - искажување (имн.)

Но во искажувањата од овој вид не е содржан подигнат тон а не е присутен ни призвук на незадоволство а уште помалку навестување на побуна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко ми беше повоздржан во искажувањето на болката, веројатно поради нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)