во (предл.) - искушение (имн.)

Тој продолжува да зема Е отприлика еднаш месечно, околу 125 милиграми чиста стока во вид на прашок и ја добива бесплатно, „главно затоа што ја напишав книгата“ (што претпоставувам е доволна причина за пишување).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не забележал дека има смалување на ефектот поради редовното земање, ниту пак паднал во искушение да ја зголеми дозата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Откога го посетува Советскиот Сојуз, кога е во искушение таму и да остане, и поминува уште една година во својата колиба во Норвешка, Витгенштајн се враќа во Кембриџ 1937 година, а една година подоцна, кога Германија ја анектира Австрија, станува британски државјанин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои копии приватно циркулирале во тоа време, а се објавени дури 1958 година, со наслов „Сина и кафеава книга”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Толку тешко може некој себеси да се фати „на дело”, што ќе бев во искушение да признаам дека воопшто постојат овие, во суштина неелементи на искуството, да не бев понекогаш во ситуација случајно да ги забележам во акција кај другите, а тие да не ми ги пријавиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку малку време мина, а народот беше ставен во искушението на навидум последното преобраќање во комунистичката религија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можете да го решите проблемот со истиот начин на мислење кој го создал проблемот. Алберт Анштајн okno.mk | Margina #4-5 [1994] 29
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знаејќи какви биле тие доживувања, човек паѓа во искушение да нагаѓа: дали обликот на предметот, или движењата што се прават при играњето со него (дршката треба да се забоде во топката), на некој начин ги сугерираат настаните што се случиле онаа вечер кога заедно излегле на Пигал, или можеби предметот е буквална илустрација на старата француска поговорка “c’est un veritable bilboquet” (грубо преведено: He’s a giddy-headed guy; или: “Му лета паметот”)?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Јас секако доаѓам во искушение да го тврдам истото но не сум сигурен дека јазикот што јас мислам дека го знам и јазикот што вие мислите дека го знаете е еднакво на сѐ она што треба да се знае за нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали билбоке-то е нешто што единствено ги одразува сеќавањата на некои нивни заеднички искуства.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите факти му припаѓаат само на проблемот, не на неговото решение Лудвиг Витгенштајн (Tractatus 6.4321) На прв поглед јас сум во искушение да кажам дека би сакал попрво себе овде да се цитирам отколку Ајнштајн или Витгенштајн.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако Берсон е во право кога вели дека секое филозофирање е “мислење наспроти струјата”, етичкото чувство на маниристите не би смеело да падне во искушение од “расточување”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа задача има етичко-естетска природа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но обајцата ќе бидат во искушение да побараат имунитет и ќе стравуваат дека другиот ќе признае.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја копкаше мислата сѐ до денес. Ја копкаше мислата за содржината во него, но беше истрајна во ветувањето што ѝ го беше дала на Јана, нејзината сакана тетка иако на неколку пати беше во искушение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако синото плико го држеше во своите раце, не падна во искушение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште полошо е што ги става и другите во искушенија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ете, ми се јавува. Ме става во искушение, но ќе бидам јака и нема да паднам на неговите ситни, прости провокации.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Свесна сум дека пак ќе паднам во искушение. Нека остане тоа мала тајна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му реков дека сме Балканци, луѓе поделени со граници и пак слични во многу нешта - во искушенијата, исчекувањата, стравот, фолклорот, слободарството.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За миг беше во искушение да влезе во едно од сепарињата со чешми и веднаш да го прочита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доаѓаше во искушение да ја побара.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но сепак тој Германија ја стави во искушение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И затоа треба да си стои таму!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А јас сум во искушение да помислам дека ако вашите родители не ви дале верско образование, тие ви дале, особено вашиот татко, нешто далеку позначајно: едно восритание, просто речено, без да биде потребно да се одреди со една придавка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Самиот си решил тој серијал жанровски да го определиш како сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога тој се искажуваше, неговата душа зрачеше од дното на својот син поглед, таа се појавуваше во секој негов збор до самата тишина, таа ги оживуваше неговите мисли.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еднаш, дури, бев во искушение да ја украдам од една библиотека, што сепак не го сторив: не ме бива за суспектните акции, особено доколку тие би биле насочени кон загрозување на општите добра!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Хљаб наш насушниј дажд нам днес и остави нам долги наше јакоже и ми остављајем должником нашим; и не ввеги нас во искушение, но избави нас од лукавого и ниње и присно и во вјеки вјеков... амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лебот наш насушни даеш нам днес и остаци нам долги наши јако и ми остављаем должникам наши и не воведи нас во искушение туку избави не од лукаваго!’’ - Амин – рече на крајот Петре и почна да се крсти и по него ние, секој по трипати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Која нѐ фрла во искушение да ја заведеме ќерката на нашиот шеф.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се свртев без збор за да не паднам во искушение да земам една од румените кифлички што се испаруваа од длабоката чинија на масата и примамливо мирисаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мојата сопствена препорака е да се шифрираат (во за нас непознати кодови) сите виртуелни системи кои сме во искушение да ги интерпретираме менталистички: тие да се редуцираат на Серловите бесмислени чкртаници во нашите сопствени умови, а потоа да бидат спремни за повторно да им се влее значење во оној степен во кој покажуваат кохерентна каузална (роботичка) поврзаност со реалниот свет на објекти и состојби на нештата на кој нивните симболи можат систематски да бидат интерпретирани дека се однесуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повторно во Мажјачиштето, Жари пишува дека „двајцата луѓе кои ги нарекуваме Адам и Ева биле доведени во искушение од готови производи на трговците, чиј тотем била Змијата”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Знаев дека таков нарцисоиден Егоманијак нема шанси да се самоубие, иако на моменти паднав толку во искушение, па речиси ќе си направев грев на душата, па ќе посакав вистински да го стори тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)