во (предл.) - истрага (имн.)

Бидејќи повеќето од гемиџиите биле од Велес, а во истрагата се констатирало дека динамитот дошол од Велес, Воениот суд својата дејност ја проширил и во овој град.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Интересни се исказите дадени во истрагата, секако под принуда, од кои се гледа обидот на некои од обвинетите, по можнот да си ја олеснат положбата, да откриваат некои работи што не можеле да се потврдат од други извори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најголем дел од текстовите во публикациите на секретаријатот беа напишани од него, правеше прилози за комшиското радио, а кога в канцеларија ќе снемаше струја од неговата фиока вадеше фазомер и се впушташе во истрага по местото на настанот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ете, и помеѓу тие тешки времиња можело да се зачнат и необични нешта, па дури и копиле!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— По кои докази? — По оние што ни беа доставени во истрагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Судот во истрагата бил особено заинтересиран да открие две, за него многу важни нешта: врска на атентаторите со Бугарија и врска со Револционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нели: Споменот се смее а солзи му течат од очите!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам и на престојот во куќата под Сина Скала што се спомнува во истрагата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)