во (предл.) - када (имн.)

Да легне во када, не соблекувајќи го капутот?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Најозбилно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеме тука во кадата, на шољата, во спалната...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Земам бели фармерки и ги фарбам во кадата...“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Истиот момент кога емисијата заврши, Бригид влета во публиката за да не и побегнам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме праша како беше и јас и ја кажав вистината: „Одвратно!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Камењата и дрвјата стојат едни наспроти други како кристално­то саќе и течниот мед. (Камењата покрај тоа ги претставуваат и скалите на кои Бојс бил ранет за време на Втората светска војна.) И тука главната тема е преминот на метаморфозата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пренесено, тоа е она што веројатно се случило на акцијата Келтско (Kinloch Rannoch) шкотска симфонија од 1970 г..
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откако се полил со желе - за да го означи враќањето во флуидната состојба - и неподвижно, како да е мртов, стоел околу половина час, Бојс влегол во кадата наполнета со вода и се полевал со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе се исечам со остри, ќе прокрвавам, ќе ме најдете во кадата како заклана кокошка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш месечно Милан го бањаше со сапун во кадата, и тогаш Тито доаѓаше на време за да ужива во ритуалот, иако со наводенетото крзно, кое му беше залижано на розовата кожа, личеше на голем црв и беше соблечен од гордоста, исто како воените генерали кога беа облечени во гаќи за капење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- ...била во кадата. Бела, заштитена со водата. Тој, како секое машко, се исплашил.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сега овој човек треба да живее со години, наизменично во када, воден кревет, едно влажно-сиво бивствување и завои полни со измет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ема со врвот од јазикот го проба пудингот од малата стаклена порција и кога минуваше низ ходникот од кујната во спалната соба јас сѐ уште стоев отпростум во кадата, крај сината мушама, со дебела фротирка преку вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најмногу сакаше по цела ноќ да лежи во кадата осветлена со свеќи и да компонира песни за својот следен албум Marble Index и, кога Фред ќе се вратеше од Макс, што никогаш не се случуваше пред четири наутро, ќе ја најдеше во истата положба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најдобрите убиства се домашните убиства, извршени со нежност, во еден банален домашен амбиент, извршени на кујнската маса, на пример, или во када.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Тогаш јас, вашиот старешина, ви ветувам дека секој од вас барем еднаш ќе се избања во кадата на кралицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Четката падна во кадата и направи уште поголема бучава, но за среќа никој не дојде да праша што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа се обидував да бидам колку што е можно повеќе тивок, а кога ќе почувствував дека нема да можам да се исконтролирам ја пуштав водата од тушот да тече во кадата и така да го подзатскрива мојот звук.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоалетот беше голем колку една соба, а во кадата тетин ми комотно можеше да си постели и да си легне од што беше широка и длабока.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тврдо, меко? Какво е? - праша свекрвата, желна да добијам негативен коментар од мојот сопруг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А за кого е оној мармалад, види, пет месеци стои во креденецот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И покрај тоа што тетка Олга како постојано да беше лута, тетка Марија не престануваше да биде расположена и весела, што дополнително ја иритираше тетка ми Олга.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Тетка Злата, јас така правам дома“, рече Нина, „по три саксии во када и внимателно ги туширам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)