во (предл.) - кал (имн.)

За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кочо го проследи како слезе по скали и надвор загази во калта. Преку пат застана со двајца селани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кои се овие луѓе што ги оставиле овие траги во калта на патот за Хануапусу?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дури кога ќе се симнеше на својата станица, железничарот Круме ќе забележеше на подот - меѓу внесената кал и фрлените билети - некоја китка трендафил, згазена на подот и згмечена во калта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
15. Морис Грејвс во Сиетл имаше стар автомобил „Форд“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Над него беа надвиснати сите болки на Јов.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Препнувајќи се од нешто, падна во калта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вечерта, пред зајсонце, домаќинствата се собираа тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од таа несреќа за жал никогаш и никој нема да те извлече. Богами убаво си загазила во калта“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Сериозно го мислиш тоа?“ праша таа. „Така ти било пишано“ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Излегоа надвор во калта, надвор од алуминиумската ограда и дојдоа до дрвената барака, која служеше како канцеларија, но ретко се користеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од под седиштето на фордот извлече стара, закрпена вреќа, ја префрли преку рамо и се оддалечи тромаво и тешко шлапајќи со босите нозе во калта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пиштеа луѓето како полжави на врела ламарина, риеја и се криеја во калта, копаа бразди, се вовлекуваа еден во друг, да се спасат од мечот на свети Архангел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Околу во калта ринкаат свињи, грачат гуски. Куќата е книжарница - „Нов Зенит“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одиш по улица и ти се чини дека сака да те поваса, да те потоне во калта трпеливо и без остаток.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ошла помалата му ќерка кај царот и го молила да појди и ќелешо на гости; откоа многу го молила, му дала изим да оди и ќелешот, ама најдолу да седнит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И види вамо! Коа ќе се врата околу ужина, ако не чуја да тажиш во куќава, глаата ќе ти поет!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Отишла ќерка му од царот помалата и го помолила да му донесит таа млеко што донесол ќелешот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- „Ете, толку години от коа умрел татко, јас сум ден и ноќ, сѐ по надвор, под ведро небо; дома си идам по еднаш на годината; со никого не се познаам, ни пријател имам, ни душман имам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Лели ќе дојт време и јас да се одома - да се жена и ја' како тебе?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Жената останала вџашена и стоела многу време на истото место, као скаменета.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си тргнал царо со војската за дома и ќелешо одоколу пошол во калта да го вади коњот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му текнало на еднега за како да му речит на попот за да ја подаит раката и да го изваит: - На ти ја мојава рака, попе, и вати се за неа да те изваам од калта, оти е страмота да се валкаш во калта - му рекол чоекот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тргнале назад да си одаат и ќелешо одоколу пак си влегол во калта да го вадит коњот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По малку време стасале баџанаците, и кога го виделе закопан до коленици во калта, кај се мачел да го вадит коњот од калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се изнасмеале баџанаците и си дупнале коњите попат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мнозина луѓе беа застанале да го гледаат попо како се валкал во калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Е, коа е така, зашчо ти, како момок, везден си сам на работа, со офци, по поле, на тебе грмит, врнит, сонцето те печит - си се сторил како никој нигде, за укубет; а брат ти, поголемијон, си живеет како господар - наносен, најаден, напиен, со чес' и слава, а ти си му нему како измеќар?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како ќе глеам куќа, кога никого не познаам и от куќна работа не разбирам?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден пијан поп врвејќи по едно калдрмче, паднал од калдрмчето во калта, во еден батак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така је нарачал жене си и после си јавнал коњот, го дупнал и заминал заедно со загарите и соколите (јастребите).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Имало и некој негои пријатели што сакале да го изваат од калта, арно ама тоа му било мака што не подавал попо рака; да влезат во калта тие за да го изваат, му било и ним мака да се извалкаат и си гледале сеир оти попо неќел да подаи рака за да го изваат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Никој не ќе може да го искаже сето она, што се случуваше со тоа ситно, прерано старечко тело, припиено во тие спичави штици со сите четири, додека се спушташе надолу, нити она, што беше во неговите очи, полни со некаква потпечена, лудечка смеа, кога беше долу, исто како да го надмудрил некого и еве успеал пак повторно да се роди, паднат во калта, уште долго време не испуштајќи ја тврдата земја од своите крвави раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па ајде - сватовите, чекачите, закониците, - излегувај надвор и реди крвчиња по патот, во калта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со главата е во калта, како да наѕира колку е длабока надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сѐ земавте, проклети, - уште колнеше Стојмен легнат во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Аман, аман! Детето ми е внатре, - викаше Стојмен со главата во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но јас, твојата Рада, само што пафнав со крилјата, се струполив во калта, поточно во глиб во кој сѐ уште тонам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, чашата се прелеа кога командирот на задругата Борис пред сите го нарече кочоперен јарец, за што од Никодина доби шлаканица од која се струполи во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Долу кал, горе мокри пасамка. Колосеците чиниш пласнати во калта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тронда му ги стиска нозете, си ги пика очите во калта на нив, срам ѝ е да им погледне на луѓето околу неа во очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И еден постар човек во скршени години со побелена коса која му оди околу темето со ситни мониста кои ако ја заврти лево десно ќе се растурат во калта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дине Бочаровски испружен во калта со сите четири на сите четири страни!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Писне жена Леле, човек во калта!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Далечната капавица го довикува движењето на тркала во калта по шумски патеки во подмолни млаки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
КОЛСКИ ТРАГИ Оттука минале колски бразди од тркалата длабоки во калта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Не зборувај и слушај! - викна очаблавениот командир на четата кој стоеше со широко поставени нозе во калта и со едната рака си ги триеше градите. Левата му остана на Кајмакчалан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ја, за да ми се извалкаат стапалата во калта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еднаш на еден му ја запали племната, на друг му го испушти житото од амбарот во калта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лажовен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и — одеднаш паднат во кал, извалкан, смачкан... Живот!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Одејќи по својата мисла.) Живот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И двете брцкаа во калта со рачињата и потоа правеа сплоснати топчиња од кал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со рацете ги месеа дури не станеа цврсти и заоблени.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие ги вртат главите, а нозете им џглибаат во калта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИХАЈЛО: Мајко. Ова цел живот ни го кажуваш. Или никогаш ништо не си ни носела или редно е некој да ги потепа бесните кучиња кои секогаш, баш тука блиску, пред прагот, се ни претураат, во јазот, во кал. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, се ми истујрија во јазот во калта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, паред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, се ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Арно ама, овде, пред прагот, ме подбраа бесни кучиња, држ не давај, сѐ ми истурија во јазот, во калта. Простете ми, ништо не ви донесов (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја следеа завидливи очи, испиени од ноќно бдеење, селани што би ја свалкале во калта и со сладост би ја нагнетиле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)