во (предл.) - канал (имн.)

Водите на Родопите, кои порано течеа и се спуштаа по полињата, без да бидат искористени, со изградбата на системот Хидроцентрали „Вуча“, ќе бидат „фатени“ во канали долги 50 км и во тунели долги 90 км.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој уплашено, потоа гневно, се подигнува и полуисправен јури пак во каналот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Голтање на јадри суви залаци и спуштање во каналот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Е, тогаш постои најголема опасност воајерите од плоштадот во Сиена да добијат проширено срце, што веднаш им се познава по заруменетите лица, а овде со векови наназад никој не црвенее од срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Гондолата го подзапре својот од кога завлеговме во каналот во Господската улица, во која и денес живеат најбогатите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иван, кој знае зошто, започнува бргу да го движи држалото на ковачкиот мев, со којшто се праќа воздух во каналот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште од раѓање сите во Сиена знаат дека треба да се слави само раѓањето, ама кога ќе се роди женско никому не му стиска да го крсти Марија, толку да се имало уплав од петлињата без перчиња и од стаорците во каналите на Сиена
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)