во (предл.) - кандило (имн.)

А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во манастирот влегуваа по групи, тивко и внимателно, ко божем да не ја раскинат тишината, да не го вознемират пламенчето што гореше во кандилото пред олтарот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)