во (предл.) - кариера (имн.)

Зашто, ако заминеше и на негово место се избереше нов секретар, тој сигурно веднаш, штом ќе ја отвореше касата, ќе дојдеше до тајната директива и можеше да ја активира поради видливата агресивност на козите и со тоа би напреднал во кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заслужува успех. Ѝ посакав многу среќа во кариерата и ѝ реков дека сум сигурна оти наскоро ќе ја гледам на телевизија. Навистина, тоа и се случи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да знаеше кутриот Х.Х. какви мисли ми се вртеа во мојата глава, како реакција на неговите искажувања, сигурно ќе добиеше непобитни аргументи за моето тотално застранување од трајните вредности на мојата родна земја, а ако успееше да извлече од мене барем минимални докази, бездруго ќе добиеше и сигурни поени за неговото унапредување во кариерата доближувајќи се што повеќе до митски далечната Централа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Г-ѓа Данавеј заслужи Оскар за улогата на легендарната Крафорд, која посвоила две руси дерлиња што постојано ја сопкаат во кариерата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)