во (предл.) - категорија (имн.)

Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Само нијанса, а тоа ти е како една стотинка во резултатот 100 м со препони - мажи, или една лажица млеко повеќе во смесата за палачинки, но таа „разлика“ ја чувствуваат врвните експерти-мајки, исто како што белината на долната облека можат со своето остро око да ја стават во категорија А1, А2, А3... мислиш, на забар си, па ти одредува боја на коронка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се воведоа квоти за работни дозволи за засновање на работен однос на странци, со што дополнително се ограничи пристапот на странците и нивната можност за засновање на работен однос во РМ, потоа се утврдија приоритети при издавањето на работните дозволи, а работните дозволи се разграничија во категории, при што за нивното добивање беа пропишани дополнителни критериуми.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас во категоријата на жени кои секогаш чекаат, домашниот „дозер“ кој опслужува и усреќува некои други перачки на веш и постелнина во машини „Горење“, затоа што така нѐ учеле, си молчев и не прашував.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дробач бр 2 (а покрај тоа пијач и галамџија, како поднаслов) И тамам кога ќе помислиш дека оној, во категорија Дробачи бр. 1, е збир од 3 во еден, на првата договорена, а втора средба во живо, веќе си лице в лице со ЛИК кој игра 5 улоги и има куп професии - новинар, етнолог, филозоф, актер-аматер и професионален љубовник.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со две пчелички на рацете, три срца како ордени и златен медал во категорија „вредна како мравка“, а со црниот појас за борбеност - не можам ни да се обесам, како со даровно ортомче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)