во (предл.) - катедрала (имн.)

Неговото опело во катедралата свети Петар и неговата смрт во Женева беа метафори за тој солипсистички живот: Борхесовото место на престој не беше светот во постојан метеж, туку уредните одаи на Библиотеката. (превод: А. Б.) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 221
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Татко му бил адвокат и на англиски јазик предавал психологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Хронологија на животот и работата на ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС 1899.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хорхе Франсиско Исидоро Луис Борхес е роден на 24 август во Буенос Аирес (првите три имиња се на таткото и дедовците; четвртото, Луис, е име на стрикото, Луис Мелиан Латинур, уругвајски правник и дипломат). Родителите: Хорхе Гиљермо Борхес и Леонор Асеведо Аедо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Подоцна, кога често патував по светот и со подеднакво чувство на релативно верување влегував во катедрали, цркви, џамии, синагоги и пагоди, па оттаму во моите текстови се обидував да ја пренесам истата тишина од храмовите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)