во (предл.) - китка (имн.)

Ѓорѓи, кому веќе му зарасна скршената нога, делнува со балтичето во сувиот боров пен, отцепува борина и со ножот делка прави стапчиња, иста должина, ги реди, ги врзува во китка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Борко ги заврза сите цветчиња во китчиња и ги нареди едно до друго.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)