во (предл.) - клозет (имн.)

Радоста беше неопишана кога после два три месеци навистина удрија на ќунците од ѓеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги навлече папучите и се шмугна во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и го чу како вели -доле нозе боси, горе кур аждаја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-12 583 000 ДМ., добро е добро - потпевнува Фјодор и полн со љубов го штипнува овенатиот образ на неговиот пр. сликар. Отрчува во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Е не, ќе купувам ’Пелистерка’ за во клозет!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми помина половина живот во клозет. Не знаете каква е таа мака.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја правев фацата на Антонио кога сереше во клозет...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој самиот ме однесе во клозетот... Повраќав уште долго... Ми се враќаше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој си имаше парченце меѓу куќите, роткви, салати и дури патлиџани... и лозје!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа ме потсетуваше на мојата марула...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)