во (предл.) - клопка (имн.)

Потоа му ја подаде кусата манлихера, накована со златни и сребрени пари, и му рече со отсечен машки глас: — Слушна, војводо, дека и вие се борите против Турците, но по некој друг пат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И со подбишеги: ’Беш ми мајку, мажи Поречани, сите со гајќи помочани!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зад него, — растревожени, стоеја неговите: Андон, Стојче, Трајко, Бојко и Најдо, растревожени и готови на борба, мислејќи дека Шаќир ги доведе во клопка и помина на страната од четата на Ацев.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека српските четници акаа низ селата, комитите им одеа постапница неодавајќи им се, а кога тие сами влегоа во клопка во куќата Акиноска, комитите фатија пусија и чекаа да излезат однатре, а кога тие излегоа, ги дочекаа со Горе рацете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)