во (предл.) - клупа (имн.)

Лицето повторно ѝ се вцрви и капки пот почнаа да ѝ се собираат на челото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Часот траеше колку што беше потребно да се извикаат имињата на сите дечиња и да им се покажат местата во клупите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Наместувајќи ја во клупата, тој со навирени очи се обрна кон присутните родители: „Драги селани и браќа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога седна во клупата и часот почна, веќе и под мишките се имаше испотено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баналностите за шпиртоносата симпатија во клупата пред мене ќе ги оставиме за другпат, оти, нели, сета живеачка не е баш за во песна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Со тие мисли си го клаваше сакулето во клупата, кога на вратата се запартали женско гунче и везани ракавчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нушиќ забележал дека се случува нешто необично, бидејќи во салата се создал тивок жагор и видел дека се пренесува нешто од клупа во клупа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)