во (предл.) - ковчеже (имн.)

А слабостите, миличок, си ги кријат во велигденското јајце, јајцето во ковчежето длабоку во долната земја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пергаментниот запис во ковчежето со златен клуч и со сребрен катинар му го напишал и му го оставил во дамни времиња неговиот пра-пра-прадедо, махараџата Раџнапур од Мохенџо Даро*, најстариот и најпознатиот град во долината на реката Инд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И откако тој запишал, се вратиле коските назад во ковчежето и тоа засекогаш се затворило со таква сила што веќе никој не можел да го отвори, да го отпечати.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И глас му се јавил, велејќи: „Не бој се, оти вистината е тука, во ковчежето, а од лицето на вистината не праведниот, туку оној што лаже треба да се бои“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги носеше во ковчежето скриено покрај камата под неговата перница.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Рошна понатаму во ковчеџето и го најде гобленот што го везеше Илко: го оддипли и почна да го разгледува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја симна сликата и ја фрли во ковчеџето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го фрли и него во ковчеџето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ми ја покажа сликата што ја држеше во ковчеџето и рече: овој е господ... а овој е ѓаволот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)