во (предл.) - кожув (имн.)

Меѓу кожите полковниците го забележаа Сујак, кој облечен во кожув и со шубара на главата, а лицето скриено во долгата брада, им заличи на ѕвер или човек од прикаските.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ме завиткале во кожи, во кожуви и ме кренале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И затоа кога во зорите, нешто посетен од трети петли, Јанческите со запалени вивки и гламни истрчаа на срецело и нададоа лелеци дека ајдутин го одвел Бошета нивни. (Велеа на измама; божем само за да го изнесе на пат за Прилеп, а оттогаш од сред полноќ, и покрај што изминало толку многу време, Бошета го немало да се врати, а за јамка дека ќе го пушти да се врати им оставил едно чупале, петгодишно и сето завиткако во коприна и во кожуви, небаре е цариче, и еден коњ, ат, ист небаре е царски.), сите, трчајќи накај срецело, велеа Ама ајдутин, ни пците, ем што се пци, не го сетија, не пак човек кој е со помали дарбини од нив за тие работи, да го сети!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- И го завиткавме во платна, во кожи, во кожуви, оти беше многу тепан, сета мрша набиена...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човек слично или исто може да си мисли и за луѓето кои собрани на куп и кои иако завиткани во кожуви се измрзнати и молчат несреќни и јадосани - дека се безумни очајници кои, ете, во коложег дошле да копаат `рвеник на пуста рида без вода, или да откопуваат нему нешто незнајно - да не е тоа, неговото, Максим Акиноското, ѕвонливо и постојано повторувано во веавицата Алелуја, алелуја, алелујааа!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)