во (предл.) - кок (имн.)

Устата ѝ беше намачкана со црвен кармин за усни, а во косата направена во кок имаше сребрена обетка со зелено стакленце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Влегува Мира облечена во бела детска униформа, бели чорапи и сандали. Косата фатена во кок.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Потоа се свртеа кон мене и таа се претстави: – Асенета.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште во Пајко Маало, таа секоја вечер ја чешлаше својата долга, бела коса, а потоа трпеливо и педантно ја врзуваше во плетенка, а нив во кок на темето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вечерта се чекавме кај „Чинарот“. Не можеше да ме препознае, затоа што косата ми беше сосема собрана во кок.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)