во (предл.) - кола (имн.)

Во купот мртви бугари се најде еден германец префрлен врз Бугарите во колата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Холандија ги збрала циганите во провизориуми, во живеалишта на тркала, во коли слични на циркуските.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Очигледно, човекот не влегува во кола мислејќи: „Одам да се ѕвекнам од некое дрво“, но желбата е тука, зарем не, а тоа и самиот сум го забележал, во повеќе наврати, посебно кај хирурзите, отмените луѓе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се повртка меѓу грмушките, како да бараше место за мочање, погледна уште еднаш кон пошумените падини на планината и кога се врати во колата без двоумење праша: - Сте биле ли некогаш во „Црвени петли”? - Што ти се тие „Црвени петли”?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека се сместуваа меѓу торбите и го палеа старото количе, Богевци забележаа како Фотевци се нагодуваат пред да влезат во автомобилот: Маре беше за тоа подарокот да го стават во багажникот, а Фоте на седиштата; најпосле, разбирливо наваса генералот, па Маре неубедена мораше со подарокот в скут да влезе во колата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога утредента, поправо дента попладне, навратив кај Ж ивко да му го однесам службениот магнетофон што го заборавил во колата, а не во Фолклорниот институт, тој играше шах со Гината; брзопотезен, со кошаркарски резултат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не ни помислувал дека ќерка му со нејзиното момче ќе се засолнат од студот во гаражата, дека ќе се воврат во колата и дека ќе ја остават да работи на мал гас; и дека така затворени, во кола и гаража, ќе се стоплат и ќе се милуваат, додека не ги фатил сонот, оној од кој нема будење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Видно изневерен во своите очекувања, Живко намуртен се врати во колата и со рака даде знак да се тргне, сега немаше каде, освен назад.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Којзнае до кога Иле така ќе се мачеше ако одеднаш и неочекувано моторот во колата не збуче, не рикна како прежеднет вол врзан за јасли.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, бидејќи Аето, заседнат во топлината на роднинскиот прием на Паца заради кој беше дојден, го немаше да се појави, децата наскоро ги ставија своите љубопитни прстиња на колата поради што уште повеќе ги закопка иштата да видат што има во колата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сѐ се одвиваше неконтролирано и со секој миг местоположбата на мажот и жената во колата се менуваше а и коларот мавташе со рацете бидејќи изгледа ја испушти уздата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го гледам високото сонце, застанато токму над ковчегот на мајка ми која се труска во колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И за нас ќе беше полесно да те спакувавме во сандакот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помеѓу мене и тебе, Ристе, нема повеќе замање-давање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам дека сосема сосема тихо забележав: -Можеби навистина требаше да се придржувам на желбите на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа приоѓа и се ведне над легнатата во колата Огнена: - Немаш причини да приговараш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакав да му речам, се разбира со пријателски намери, дека не е културно да ја шета раката по туѓи колена додека вози во колата мртовечки сандак.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ја препознав ни жената која заедно со фустанот како да го имаше заземено најголемиот дел од попречната штица напред во колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Туркана наназад од коњот кој двапати високо потскокна колата се занесе кон длабокото корито на потокот, а потоа направи полукруг кон карпите над патот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, добро ни беше што не нѐ брка. Си седевме во колата, се труцкавме и се смеевме. - Стигнавме до реката.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Знаевме дека никогаш не истепал ниту едно дете па затоа слободно се нафрливме во колата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Неми тие, нем и јас и немо се враќам во колата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го седнавме во колата и заедно со преведувачот отидовме на местото каде имало гробишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И порано ми доаѓаше вода во уста при помислата на неделните ручеци со пастрамајлија, чиј вкус од детството ми беше сочуван во најдлабоките клетки на непцето, но сега, по прв пат, некоја нездржлива сила ме натера да се облечам, да седнам во колата, по два часа непрекинато возење пристигнам во градот и во една од фурните да нарачам топла пастрамајлија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Плескаш ли нешто, братче?“ го поттупна братучедот по рамо кога влегоа во колата, „да се прошетаат малку“, како што му рече на татко му.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа често беше сведок на такви ситуации, возачот брзопотезно излегува, го соблекува џемперот, ја поднаместува косата и, со едното око се уште будно следејќи ги бројките на семафорот, влегува во колата, двојно задоволен, ем не му е веќе жешко, ем успеал навреме да се врати на своето место.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На бакрорезот на еден од раните маниристи кои од Фиренца се преселиле во Рим, Франческо Салватио (1510-1563), Триумфалниот поход на Пријап, одушевените Менади влечат еден огромен („анатомски-изолиран“) фалус, исправен во колата, низ имагинарен антички пејсаж.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ПАНСЕКСУАЛНОСТ Terribile e suave (Љубовта слатка и страшна)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ВАЖНО, ваквиот прозорец на градски паркинг може да ве посрамоти зашто мора брзо да излезете, да го притиснете ливчето со „баркодот“ за да го отчита читачот и уште побрзо да се вратите во колата, да „убаците“ во прва и да ја фатите рампата додека е крената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со мокра коса во домашно издание, по хигиенки како Стево Жигон во една ТВ серија со Зоран Радмиловиќ, со дете заспано позади во кола, цврц...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си влегов во колата и, со будното мало женско друштво, заминав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И тогаш, ми заѕвонува мобилниот телефон, во колата на седиште!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Блазе си му, се спаси, вели едикојси од ранетите во колите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ти доаѓаш со мене“, му реков на слугата, „или ќе се откажам од патувањето, без разлика колку е важно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Едниот коњ послушно се повлекува од прозорецот; го фрлив пакетот во колата; бундата одлета премногу далеку и само со едниот ракав се закачи на некоја кука. Па може и така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разголен, изложен на мразот на оваа најнесреќна епоха, со овоземска кола и вонземски коњи, јас, старец, лутам наоколу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со ваква убава запрежна кола, тоа веднаш го забележав, никогаш досега се немам возено и така весело влегов во колата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Чизми до коленици, генералски, - го дополни Пишпирик. – Сошиени со нишки од чад.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Над ридиштата летаа бели призраци со крила од слама.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ме оставија врзан во колата и се спрегнаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пишпирик ја извлече главата од јаремот: - Го продаваме ова што е во колава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Во колава нема ништо, - реков.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- ќе можеме да му скроиме чизми од магла и да ги потковаме со сињак, - додаде Барбут –бег.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не можеше да стане збор за реска граница, но забележливо беше дека во вечерните часови и во ноќите, собите ги користеа угледни господа кои, заради дискреција, ги пуштаа партнерките сами да влезат во зградата додека тие во колите извесно време пребаруваа нешто што никогаш не им беше потребно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гардистите често позајмуваат полициски коли за свои потреби и цел ден можиме да си се возиме во колата, сигурно резервоарот е полн до капаче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Разговорот во колата живна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во колата седеа неколку селани што се враќаа од град.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во колата седеше и Илко, татко му на Мил, кој се враќаше од свет во кој долги години беше заскитан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Селаните во колата љубопитно ги држеа очите на него и го прашуваа: - Каде ги помина толкуте години, Илко? - Секаде низ светот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во колата имаше многу играчки... Се заигра со нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Набрзо потоа, влезе во колата и тргнаа на аеродромот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па и ти јави ми се - рече лекарот и влезе во колата. Замина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Танаско и Друже Србине како пердув да креваат, веднаш го сместија сандакот со дедо Костадин во колата и Тарзан не чека некој нешто да му рече, туку пукнува со камшикот во воздухот и коњот тргнува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Васко со неверица влезе во колата и со едната нога надвор, го стартува моторот втренчено гледајќи од зад кренатата хауба на моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакав да го истерам на почетокот, баш бришев еден мотор пред да го вратам во колата, а тоа слушам ми вели, „дај чичко Ратко јас да го избришам“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека Едо влегуваше во колата од другата страна, Марко веќе беше готов за тргнување...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За да се воздржи од своето љубопитство, колку што можеше побрзо телефонскиот именик го фрли на задното седиште во колата, но цело време, предизвикувајќи му возбуда, во главата му се наметнуваше прашањето дали воопшто ќе најде некој друг Едо Бранов освен себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите евтини алкохоли на светот. Сите цигари во колава.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
После ќе се потуриш со водата и пак човек ќе се сториш. Ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таксистот подголтнува по малку, веројатно си мисли „Што манијак примив во колава!“ и ги врти во главата насилствата врз неговите колеги што им се случија во последниве месеци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Немаше ништо меко во колата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А на лицата на луѓето стуткани во колата имаше нешто што го наведе на длабок молк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зајакот не е во грмушките, зајакот стои среде друмот, а за она што се наоѓа зад капињакот остави времето само да го побара и да го открие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем и млакиот допир на тагата е пијанство И твоите зборови исправени пред ѕидот на срамот И раката што ни мавта преку водите е пијанство И разбудените мравки на надежта растрчани од заборавените гнезда За да нѐ пресретнат Само за да нѐ пресретнат се пијанство И не прашувај дали среќата танцува И какви се нејзините чекори Времето ќе го престигне неоседланиот коњ и ќе го впрегне во колата на животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога прелета оваа мисла по небото на моето чело веднаш си реков: Васке, Васке, од кога си го имаш впрегнато умот во колата на глупоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никому не му е грижа за тоа како е создадена полумесечината што никнала од вратот на човекот, туку што се има случено со вистинската глава на човекот кој прифатил да си игра дојденец од месечината?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТАТКО МИ ОДИСЕЈ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Работа. Какаја работа! Со билет купен за половина динар ќе влезеш внатре во колата и дури таму ќе откриеш дека луѓето не ги итересира изгледот на човекот паднат од месецот туку начинот на кој е создадена таа скривалка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога повторно се собравме наместо да тргнеме откривме дефект во колата требаше време за да се отстрани сестра ми рече гладни сте вечерајте не се оди на пат гладен не доаѓа предвид реков очај ме обзема од постојано јадење кога треба да патуваме преживаме кога треба да патуваме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Му влеговме во колата на еден таксист и уште незатворени вратите, му велам: — Вози колку што можеш и не можеш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не разбрав што сака од мене. (Пауза) После загина во кола на враќање од ебење со швалерката. Таа остана жива.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ВЕЛКОВ: Што има во колата на Србинот? АРАМИЈАТА: Книги.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислев дека по толку долго време што не јадев, оваа храна ми направи тешкотии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шефот Кузе ме набљудувал и ме викна: Качи се во колата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)