во (предл.) - коленица (имн.)

Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На тоа мислеше дури кога трагата го искачи на еден висок срт, дигнат над сите бели шуми наоколу, заздишен и со првата болка во колениците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа и едни лити завивања во колениците, и боцкаво трпнеење во подноктиците на рацете, блажеви во слабините и она познато чувство за здивот, исполнет и затнат од некаков снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа некој ја стави својата тврда шепа помеѓу моето лице и земјата и ме покри со нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свиткан, со забуцана брада во колениците, ни буден ни мртов, чувствував дека земјата лази под мене, тече и ја носи со себе топлината на луѓето и на огнот. Ако пуштев корен и самиот ќе се движев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се преселив да живеам сама, брат ми ми купи пиштол затоа што кога жена живее сама треба да знае да се одбрани. Нишани во колениците!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако нишаниш во главата или срцето и убиеш некого, неговото семејство може да те тужи дури и ако тој ти провалил во станот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ставивме картонски кругови на една ограда на село. Најчесто ги погодувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ти е правниот систем во нашава земја, вели брат ми, и во право е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)