во (предл.) - комисија (имн.)

Стравуваше уште и од изразената желба на Алал Комби да се најде во комисијата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За другарот Чапаев, остануваше загатка зошто Алал Комби инсистирал лично да се најде во комисијата за Татковиот избор.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Министерството вршеше некаква подредена функција за која не беше потребна интелигенција, но од друга страна беше водечка фигура во Комисијата за спортови и во сите други комисии задолжени за организирање заеднички походи, спонтани демонстрации, кампањи за штедење, и воопшто за доброволни акции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во комисијата имаше уште четворица други членови, сите слични на него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој истиот, рече Перо, беше во комисијата кога ги зедоа нивчињата во Лерна, за да се направи големион, државен вишнарник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од 1964 до 1976 година Христов бил максимално ангажиран во повеќе активности на државата Вермонт: бил претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, претседател на Заедничкиот комитет за високо образовни студии, претседател на заедничкиот комитет за проучување на проблемот со дрогата, и комисионер во Комисијата за образование на САД, како и претседател на Советот на Државната библиотека.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
33 Измената на чл. 213-б која претходно регулираше дека сите 9 члена на Комисијата се избираат по предлог на Владата, а синдикатите и асоцијациите на работодавачите имаат право да определат свој претставник кој само ќе присуствува на работата, е директна консеквенца на Одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот суд, кој нотира дека во ваков случај „одлуките за изборот донесени во Комисијата по својата суштина не би биле одраз на објективизиран пристап во одлучувањето на социјалните партнери во трипартитниот однос во економско-социјалната сфера во општеството“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Измената на Законот од 2014 година83 се однесува на условите за избирање на членови во Комисијата за заштита од дискриминација од чл. 18 од Законот, при што условите после измената се следните:
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За чудо, во комисиите што даваа мислење, секогаш имаше по некој негов постар колега, кој бездруго знаеше за неговите квалитети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој впрочем во комисијата беше да шефува, а не да чита и да пишува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така е кога во комисијата ќе ви доделат неписмени кадри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)