во (предл.) - компанија (имн.)

Сите во компанијата биле шокирани затоа што паѓањето на столбот ќе значело завивање на двомилионскиот град во мрак на неодредено време.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нејзиниот сопруг со неговата позиција во компанијата беше многу добро наградуван, така да Изабел беше таа што требаше да се грижи за куќата и семејството.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бертран работеше во приватна фармацевтска компаникја и беше меѓу првите луѓе во компанијата Многу често патуваше што мене особено ми се допадно, зошто навистина не се чувствував добро во негово присаство, па гледав колку што можам повеќе да не бидам во негова близина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Атмосферата за работа во фирмата почна да се влошува со промената на раководството и сопственоста, во првите години од минатата деценија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред продажбата на претпријатието постоеше синдикат и Божиновски беше негов член, но – од моментот на продажбата до денеска – тој увиде дека синдикалното раководство е тесно поврзано со раководството на компанијата, и наместо да помага, во многу случаи тоа практично им одмогна на работниците!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во компанијата имаше два синдиката, кои беа комплетно незаинтересирани да помогнат во овој случај!? 257
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој прв бран масовни отпуштања Божиновски, за среќа, останува во компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По оваа клучна година започнува и развојот на настаните за наведените спорови што следат...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа ги предуслови промените во работните односи и успешноста во работењето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Какви ќе бидат консеквенците? E-mail комуникацијата го намалува значењето на традиционалните структури на моќ во државата, во компаниите, но и во алтернативните движења кои често се бирократизирани.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пред крај во компанијата дојде да работи еден руски инженер и тој ни кажуваше што се случува и какви војни се водат во светот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Останати промени Покрај веќе анализираните измени и дополнувања кои ги претрпе ЗРО, во однос на останатата материја дојде до промени кај одредбите со кои се регулира примената на овој закон и дефинициите на основните поими. а) се утврди дека овој закон не се применува на поморскиот персонал на трговско - поморски претпријатија, на членови на екипаж 51 на авиони и на странци вработени во компаниите за патничкиот и железничкиот сообраќај кои имаат регистрирано седиште во странство (чл. 1 од ЗИДЗРО/септ.10); б) во однос на дефинирањето на употребените изрази во овој закон, кон чл. 5, се додадоа четири нови става кои нормираа дека: (1) претпријатие40 e „ јавно претпријатие, трговско друштво или трговец поединец што врши трговска дејност, без разлика дали работи за профит или не, кое се наоѓа на територијата на земјите членки“; (2) установата41 се дефинира како „деловна единица дефинирана во согласност со закон, која се наоѓа на територијата на една земја членка, каде што економската дејност се спроведува на тековна основа со човечки и материјални ресурси“; (3) под колективни договори или одлуки на арбитража што се прогласени за општо важечки „се подразбираат колективни договори или одлуки на арбитража што мораат да ги почитуваат сите претпријатија во таа географска област и од одделна струка или економската гранка“ и (4) претставници на работниците „се претставниците на работниците предвидени со закон и со законите на земјите членки на Европската унија“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/септ.10). 40 За употребата на овој поим в. погоре – исто како кај образложението во референца бр. 27.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Бегаа од дома и се капеа во студеното море до доцна во октомври, а во топлите летни вечери пееја закинтски кантати во компаниите што шетаа по градките улици и се упатуваа на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сето тоа го направил самоиницијативно и по одредено време ги однел своите цртежи во компанијата каде веднаш го вработиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „За Бројот тринаесет ме убеди жената-пропагандист во компанијата „Фејмоус Плејерс Ласки”, која во мене откри нешто и пред да почнам да се занимавам со пишување на сценарија или со правење сценографија, значи тогаш кога бев обичен млад човек во одделението за изработка на натписи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)