во (предл.) - конфликт (имн.)

И еве во конфликтот со историјата, животот го исфрли на брегот од оваа река, за да живее со луѓе кои ќе бидат жртви на новата „јаничарска идеја“ – идејата на комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Необичните временско-просторни односи не се во конфликт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со цел западните феминист(к)и да не ги разберат погрешно пост- комунистичките жени и да не бидат вовлечени во конфликтите кои ги разбија почетните дијалози на жените од Источна и Западна Германија, важно е да им се обрне големо внимание на разликите во значењето и на различните проблеми и историски и социјални контексти на пост- комунистичките жени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа историја е во голема мера безначајна за потиснувањето на жените од страна на мажите. (4) Ако, сепак, ја отфрлиме дистинкцијата материја-свест и прибегнеме кон првата од двете дефиниции на “идеологија” наведени според Иглтон, доаѓаме во конфликт со философските гледишта за вистината, знаењето, и објективноста до кои држат најголемиот број современи интелектуалци феминист(к)и кои се надеваат да ги стават во употреба своите дарби и способности во критикувањето на маскулинистичката идеологија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова чувство може да биде засилено ако сите столови се заземени или поставени во геометриски облик кој е во конфликт со психичките граници на просторот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човекот кој е секогаш во конфликт со околината, нема услови за убав живот: тој е полн со отпор, омраза, напнатост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)