во (предл.) - крст (имн.)

Стега стомакот, од болка вие рамото, грбот, плеќите, нешто болежливо се вжилува во крстот, потсечува нозе и колена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Желбата да одговори со визиткарта посилна е од болката во крстот, од староста, од сѐ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти гледај да нема влага да не вие во крстот. И норовите да не ја лапаат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш Шишман онаков несмасен и несмасно пречекори напред ширнувајќи ги рацете, го собра Љакета во прегратката со целата негова расфрланост и го стегна качејќи му го глуждот во крстот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Попот го сече колачот во крст.) Во име оца, сина и свјатого духа, Амин. СИТЕ: Амин.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Војниците гласно почнаа да се смеат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А кај нас, - се одгласи жена од другиот крај - кај нас во листопад, на Митровден, на Копанче падна последниот лист од лозата на Петревци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Две фиданки од еден корен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се грееја, пушеа, плукаа настрана и во огнот, во крстовите што гореа, и се смееја.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На другиот рид, отспротива, владиката си ја чешка брадата гледајќи во крстот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)