во (предл.) - крчма (имн.)

„Тоа се значи тие пари. Тие што, потоа, ги трошиш на ракија, во крчмата”, не попушташе татко му.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нему му беше сешто доста, и вино, и разговор, и пијаната атмосфера во крчмата, кај што се нишаа во чадот бабуњосани лица.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А не можеше човек да види дали роси дали не: само некаков здавен шум ѕвечеше в уши, од испиено вино, од исплашената тишина во крчмата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сигурно му се досадило да чмае повеќе в крчма без честало.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во крчмата, во предната соба, имаше неколку души.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Шумно беше во крчмата. Зад преграда се караа груби гласови и се надвикуваа, зарипнати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се стемнуваше а ламба беше рано да се пали. Матна мрачина во крчмата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога за други се вели дека се магариња, се мисли на големи магариња. И на уши магарешки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И на рикањето на пијаните гости рано в зори, во никое време, во крчмата под балконот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Толе слезе од високата меѓа и отиде право во крчмата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во крчмата под балконот музичарите по стопати им ја пеат на туристите Ел кондор паса а локалните бунтовници покажуваат со погледот кон тенкот пред претседателската палата, шепотејќи ги пребројуваат коските во Сан Франциско и веќе за утре го најавуваат формирањето на највисоката комисија за испитување на потеклото на солзите и на тишината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во крчмата се пластеше млака, нејасна тага, ползеше по голите маси, ги начнувше луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тагата сѐ повеќе се таложеше во крчмата. Секој поинаку беше начнат од неа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Иако лутата течност не беше варена од зрела `рж бев пијан и безумен и знаев дека сите во крчмата се плашат од моите очи - улишта на пакост и закана.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На тромавиот чад во крчмата, светлоста виси во крпи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Слушај, му реков еднаш в крчма, слушај, јас сум измама и помалку сум вреден од најлошиот лик на твоите платна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се разминале, секој отишол во својот храм -Константин в крчма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Повели во крчмава. Таму ќе пееме вечнаја памјат.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И наеднаш водичот ја крева раката свртувајќи им го вниманието како да крева меч: „И во тој убав и безгрижен живот, некој од луѓето во крчмите свикал: Погледнете, луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Море, блиску лежиш до неа, побратиме, та затоа и врцкате пред година, та не угу шо се јавуаш на Шипка! — го дочека дедот Пројче и го свртоа разговорот на пијалокот во крчмата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се бореше ноќе и по една таква ноќ изгасна в крчма заедно со западното сонце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Зборувам за својот роденден. Денес се родив во сребрена табакера. Со твоето неочекувано доаѓање во крчмата.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Уште еднаш сам на песочниот брег на реката, на песочна врвица што непогрешно води в крчма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега, в крчма ги убиваше тие соништа со ракија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Отидов в крчма да го слушам шумот на ракијата и да ја гледам низ матно стакло распарчената месечина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ако не ти чини моето готвење и месење, тогаш оди во крчмата на Јотето Вртенце!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)