во (предл.) - култура (имн.)

За остварување на националниот интерес во културата, Владата на РМ, со одлука, основа национални установи – доколку со закон за одделна дејност во културата поинаку не е определено (чл. 24, ст.1 од ЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јавна установа основа Собранието на РМ со закон, односно Владата на РМ со одлука (чл. 14, ст.1 од ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првите се на престолот, другите под нивните нозе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе му се обраќав на општеството отколку на власта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ареалот на кирилицата По потиснувањето на глаголицата, кирилицата „ги зазеде“ следните области: Македонија, Бугарија, Србија, Романија (до 1860 година), источните словенски земји: Русија, Белорусија, Украина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е основното: мојот крик е човечки, против степенот до кој немоќта преовладува во културата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И во културата хиерархијата е јасна, транспарентна, недотерана, вулгарно директна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сосема е очигледна врската помеѓу кириличниот систем на писмо, византиското влијание во културата и политиката и православието во духовниот живот на дадените земји, а секоја земја разви свој сопствен стил на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е криза што може да се спореди со најголемите кризи во дваесеттиот век, со светските војни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Човечкиот глас престана да се слуша во културата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеби сè уште не сме доволно свесни за Фројдовото откритие дека успешната социјализација се темели на “нагонот за смрт”. (Можеби нема ништо поопасно од “потполно” социјализираните луѓе?) Нацизмот стои на страната на “уживањето во културата”, значи до восхитеното почитување на културните норми: тој ја открива “сродноста меѓу желбата и законот” (Лакан).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Единствената вистинска придобивка во овој случај се состои, по мое мислење, во повторната егземплификација на сознанието дека не е можно да се мислат и репрезентираат тнр. национални вредности во културата по пат на уметничка или интелектуална продукција, а да не се падне назад во националистичкиот дискурс во културата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Целта на здружението е јасна: тероризам во уметноста, ширење на идиотизмот во културата, исмејување и засмејување, одгледување циркузанти за инфилтрација во врвните уметнички институции итн. (за поподробни информации околу здружението на творци љубители на идиотска уметност обратете се на адресата на Маргина.) Како мал прилог кон целите на здружението, и како некаков програмски почеток на неговото дејствување, објавуваме еден текст што се бави со идиотизмот претежно во тнр. западен културен круг, надевајќи се дека кон светскиот глобален фундус на идиотизам и ние ќе приложиме не баш безначаен дел.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дури и кога зборувам за нешто најинтимно, на пример, за сопственото обрезување, подобро е на ум да се има дека станува збор за одредена егзегеза на која вие ѝ ја одредувате насоченоста, конту­рите и помнењето запишано во културата на вашето тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тоа ќе зборуваме подоцна, по повод книгата на M. -V. David.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите дела посветени на историјата на писмото оставаат место за проблемот на воведувањето на фонетското писмо во културите кои дотогаш не го употребувале.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме, на споредниов пат од сите тие споредни патишта, зошто Хајдегер, кој целиот живот го читаше Екхарт и го сметаше за учител, никаде не го споменува ниту обрезувањето ниту Мајмонид - тоа е друго прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За овие проблеми, спореди и G-G. Granger, Pensée formelle et sciences de l’homme, p. 38 sq.. и особено pp. 43 i 50 sq. ( за Renversement des rapports de la langue orale et de l’écriture). 2).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Втората категорија, Преведувањето во културата на ЈЦ, ја проширува работата над поединечни текстови или автори со тоа што ја вклучува и работата врз влијанијата на текстот, авторот или жанрот, на апсорпцијата на нормите од преведениот текст во системот на ЈЦ и на принципите на селекцијата внатре тој систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бендовите како Greatful Dead, Doors, Beatles, Rolling Stones, Jefferson Airplane, Mothers of Invention, Dylan и други, кои својата музика ја компонираа и изведуваа под дејство на дроги, ги втиснаа своите психоделични доживувања во културата на младите и врз нив имаа слично влијание како прави курандероси. Tomas de Kvinsi може да се означи како основоположник на модерната “dope” литература со своето дело “Исповед на еден уживател на опиум”, коешто настанало како директен резултат од неговите искуства со лауданумот, препарат на опиумот кој е воведен во терапијата на болни состојби уште од времето на Парацелзус (Paracelsus).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние живееме во култура каде сеќавањето, нарацијата, романтичните приказни и надежта за промени сѐ уште функционираат и каде што една егзистенцијалистичка врзаност за едно одредено место сѐ уште не го изгубила своето значење. 22 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Употребата на јазикот ги исцртува границите на културата: култура, во најмала рака, се состои од поединци кои го зборуваат истиот јазик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Непосредна цел е да се расветлат некои прагматични одлики на машката геј-култура и да се опишат облиците на субјективно искуство или колективните структури на чувствување, кои особените начини на интеракција и комуникација ги пројавуваат или ги предизвикуваат кај оние лица, било да се геј било да се стрејт, што учествуваат во културата составена од такви генерички практики. ‌Сигурно би било возможно оваа постапка да се примени на конкретни подоблици или видови на машката геј-култура – етнички или расни или национални или генерациски или сексуални – и да се определат, да се опишат и да се посочат генеричките одлики што ги определуваат латиногеј-културите, или еврејските геј-култури, или геј-културите на работничката класа или геј-културите на глувонемите, или нa садо-мазогеј-културите или на дрег-геј-културите, или на геј-културите на американската урбана младина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А оптекот и споделувањето во заедницата на тие настранети мигови како да играат пресудна улога во општествениот процес со кој луѓето, и оние што се стрејт и оние што се геј, се иницираат во културата на машката хомосексуалност, ја препознаваат како таква и постепено создаваат смисла за личен и културен идентитет – макар колку за да присуствуваат на фестивали како што е Вигсток.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, всушност, го прават токму тоа.358 Токму затоа што општествената репродукција на машката геј-култура не се врши од страна на главнотековните општествени институции – чие дејствување како средства за културна иницијација и понатаму е невидливо и незабележано затоа што е толку очигледно – машката геј-акултурација и натаму е таинствена работа, особено кога изгледа дека во голема мера е завршена, или дека е барем во одмината фаза, во некој миг од раното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јазикот обезбедува место за влез во културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите можности се кодирани за родот и се поврзуваат со него, но во нив не се работи конкретно за родот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учењето човечки јазик е почеток на акултурација и социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родителите и децата не ги учат децата како да бидат геј онака како што ги учат да бидат Американци. (Иако понекогаш децата ги учат како да бидат стрејт на начини што толку силно им се удираат од глава што слободно може да се каже дека, всушност, ги учат децата како да бидат геј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но геј-мажите, и покрај некои својствени и карактеристични употреби на јазикот кои ги разграничуваат од другите говорители на јазикот, не образуваат посебна јазична група.374 Значи, ако треба да се квалификуваат како припадници на некоја култура, геј-мажите би требало да се конституираат како група преку некој примарен процес на социјализација сличен на усвојувањето на јазикот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368 Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивното себепреиспитувачко молчење (доблеста на строгиот уметник) се контрираше со брзината со која нештата во културата се придвижуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но за општествениот и политички теоретичар или, едноставно, за набљудувачот на тие движења важи речиси како аксиом дека движењата засновани врз идентитети се историски настани што се случуваат во одредени точки од времето, и тоа поради некои други промени што се случуваат во културата, политиката, економијата и општеството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога подоцна дрогите во културата широко се раширија, тоа се поврза со сосема ново обликување на свеста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таквиот критичар може да му припаѓа на оној старомоден вид, со една наивна и будалеста верба во културата како одбрана од варварството, во културата како класна предрасуда и калап на цивилизираните.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние живееме во култура која тежнее секому од нас да му ја пренесе одговорноста за својот сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дали го знаете или сте слушнале за Франсоа Масперо?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На моменти, помислувам дека лошото функционирање во доменот на земјоделието (ситуацијата е уште повеќе влошена последниве три месеци) е на извесен начин идентично со положбата во културата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Киберпанкерите се разликуваат по тоа што се не само технолошки подготвени, туку во исто време се поврзани со реалноста и со она што се случува во културата.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)