во (предл.) - куќичка (имн.)

Еден викенд отидовме во Маврово, во куќичката која ти ја правеше со голема љубов, со години, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога скопскиот санџак-бег беше поставен за везир на источна Румелија, Сафет-ефенди се прибра сосема во куќичката крај шамакот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа поткрепата ја има во Мурџо кој постојано е крај неа и внатре освен кога легнуваат со Пелагија во креветот, тогаш си го знае местото - надвор, во куќичката крај оградата на фабриката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Доцна во ноќта, се втурна во куќичката, папсан, со закрвавени очи, и блуејќи, се струполи врз креветот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со денови седев затворена дома, како полжав во куќичка, надвор одев само кога морав, до гробишта, банка и да купам нешто за јадење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По едно време Влаинката дојде пак да го посети, и тогаш го најде неговото здрвено тело врз ложникот во куќичката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш Глувчицата, заедно со својот храбар син Цивко, побегна во куќичката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)