во (предл.) - лага (имн.)

Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мислев да им се јавам на неговите родители, како по обичај да го фатам во лагата, но овој пат не го сторив тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше сигурна дека го фати во лага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Како може најголемата вистина да се претвори во лага? - се прашуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во терапијата со Лена, значењето на „изневерување“, „живеење во лага“, „неблагодарен“ и „тој всушност не ме познава“ се тесно поврзани со нејзината животната приказна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, сепак, ако не зборува, таа би чувствувала дека „живее во лага“ и се изневерува и себе си и сопругот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лена отсекогаш сметала дека мајка ѝ го „изневерува“ бракот, дека „живее во лага“ и е „неблагодарна“ што ги користи домот и парите на нејзиниот очув, а ја изневерува неговата доверба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ниту лагата може да се претвори во вистина, ниту пак вистината може да се претвори во лага.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лажеше. Се плашеше од нив. Се фати во лага но не призна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
— Зар верувате во лаги? — По осум години и вие ќе заверувате.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претседателот сега се загнездуваше во лагата. Тој се мачеше да си се натера дури и себе си да верува во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога не верувате во она за што се работи, затоа што верувате во она што ви е речено, тогаш морате да ги порекнувате сопствените сетила.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога имаме лага или мамење, тогаш настанува состојбата на „нон-конпосибилност”; или верувате во лагата, или во она за што се работи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Лагата беше претворана во вистина, а вистината во лага. Треба да си мајстор за таква работа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ама јас никому не сум рекол...“ рече Влатко и се фати во лага - а што ако нешто разбрала од Теми, махинално погледна угоре и ја виде Теми - занемена стоеше - со показалецот на цврсто стегнатите усни - значи - таа ништо не рекла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тргнавме накај дома. – Не беше лесно, – рече тој, – да се натера коњот да се однесува толку убаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не сакам да се фатиме во лага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)