во (предл.) - линија (имн.)

Маркос, држејќи ја слушалката со рамо, ја осветли картата и откако се загледа во линиите, рече: - Сто седми, денес падна Клефтис. Сега, изгледа, на ред е Амуда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така Татко и во доцните фази од својот интелектуален живот размислуваше, посебно кога интензивно работеше врз својата Историја на Балканот низ падовите на империите и сега посебно на тоа се потсетуваше кога го слушаше Камилски како говори за јаничарството и језуитството, во линијата на интелектуалното јаничарство кое беше особено својствено за одделни претставници од народите на Царството, кои и самите беа означени по други обележја од јаничарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Напрчените усни се стиснаа во линија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Членовите на нашата делегација по некаква инер­ција на мрзеливоста на духот, во линија на најмал отпор беа готови да аплаудираат, но сепак нешто ги задржа во последниот миг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гоше двогледот го употребуваше два пати на ден и тоа секогаш застанат отпростум, со широко раширени нозе, со високо кренати лакти во линија на ушите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одеше по нив до центарот на градот и кога ги виде како се згуснуваат во ќош на голема кафеана, строго фатена во линии, застана под сенка на висок леандар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сѐ изгледа познато, а секогаш е различно во линијата помеѓу убедувањето и уверувањето во философските дилеми.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тоа беше една повисока степен во естетиката на живеењето на маказарчани - не просто бели ѕидови на одаите, туку шарени, некаде со ситни цветчиња, другаде со крупни медалјони, на трето место со фигури кои беа почисти во линиите, налик на геометриски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој носеше црвен капут во линии како шеќерно стапче, висок, бел околувратник што го задушуваше и панталони со боја на сладолед.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така изгледаат пастрмките кои би смееле да си ги задржите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега, во зоолошката градина, таа стои на летвите кои го опкружуваат рибарникот полн со виножитни пастрмки долги 20 и 25 и 30 инчи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакаше да шмрка прашок поделен во линии долж широкото квадратно огледало кое што таа го чуваше до каучот, како некој волшебен екран во којшто можеш да гледаш како лицето засекогаш ти се менува. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 168
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)