во (предл.) - лифт (имн.)

3 Мартин е сам во лифтот со девојката што управува со него.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа се смее и Вака сам во лифтот со девојката, Мартин размислува: кога лифтот би почнал да пропаѓа, би го жртвувал животот за да ја спасам.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога Мартин влегува во лифтот, внатре веќе се набуткани многу луѓе, но патем, како што лифтот се движи угоре низ старата зграда која мириса на мошус, луѓето излегуваат надвор поединечно или во група.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа ја фаќа рачката. Девојката и Мартин се сами во лифтот што се движи угоре.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
4 Можеби Мартин во лифтот ќе ја сретне Смртта. Да, едно попладне кога ќе тргне на ручек.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Влегува во лифтот: каква слеана келија! мисли тој со некаков вид шок што вознемирува и застанува пред таблата со нумерирани копчиња.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како ли тоа ќе изгледа? се прашува тој. 10 Нималку не размислувајќи што работи, Мартин механички влегува во лифтот без лифтбој за да замине до четиринаесеттиот кат кадешто работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Луѓето во лифтовите се љубезни. Се среќаваат, си климаат со главите, си разменуваат погледи, зборови, си го вежбаат бон-тонот, бијат шеги, внимаваат да не си го промашат катот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Луѓето во лифтовите се секакви. Волонтираат како виртуоз лифт-момчиња.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Луѓето во лифтовите се нестрпливи.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Луѓето во лифтовите си ја лансираат мрзеливоста.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пет дена остана заглавен во лифтот во времето кога многу беше навлечен на дрога, и претрпе делириум тременс кога патуваше на еден брод како слеп патник сокриен во еден куфер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто два?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, ситночасовното пустоловење не им е успешно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Им тргна со блиската топлина на шампањско пријателство, но разделбата во лифтот им беше чудно ледена“ (132).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денес мене ми е ден за „смир“, значи бакнежи во лифт како во филмот„Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овој не стои пред излог, значи нема жена, и уредно се качува во лифтот веднаш кога ќе се отвори вратата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луѓето, пак, велеа дека височина од триста метри е вистинска лудост. Ама, какви триста метри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Туристите влегуваат во лифтот, се качуваат на првата тераса, потоа на втората, џагорат, се смеат, фотографираат, снимаат филмови во боја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас се задржувам уште за миг во лежерен разговор со соседите, додека да влезат во лифтот, па ја отворам првата, отклучена врата, но гледам, не можам да ја отворам втората! Ја заклучил!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се наоѓа натртен во една од оние сини телефонски кабини без врати на градскиот плоштад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајка ми влегува прва во лифтот, потоа јас, со двата куфера.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
“ „Му велам на Иван, всушност, Иван ми вели мене - Ќе видиш, Ивана, во лифтот ќе се горните!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ја слушна онаа којашто викаше по него - и го препозна гласот: „Ајде, чао! Ќе се слушнеме по домофон. Ама откако ќе прекрши жештината! После шест!“ им викна на другарките, се стрча по него и се втурна во лифтот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Снеже и јас, бидејќи живееме на ист кат, имавме уште малку заедничко време, во лифтот, и потоа пред нејзината врата, колку да размениме збор – два.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во лифтот, пред разделување, се прегрнавме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Го виде оној Мартин како те гледа? – ме праша таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)