во (предл.) - манастир (имн.)

И во манастирот Свети Наум веќе илјада години бие срцето на светецот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Скопје влегуваме во манастирот Свети Спас во кој му се воодушевуваме, посебно на фасцинантниот иконостас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На 2 август 1944 година, по обемни подготовки направени ширум Македонија, во манастирот “Св.Прохор Пчински” се одржало Првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Неговиот брат Константин (827-869) по завршувањето на школувањето бил поставен за библиотекар на цариградската патријаршија, а потоа заминал во манастир.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На собранието присуствувале делегати од трите дела на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во делото се опишуваат големите анаморфотички фрески во манастирот на редот Минима во Рим, кој денес и не постои.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тргнавме во авантури како што се трга во манастир.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Исфрлен од светот на затворите и прекршителите на законот, можеби веќе не можеше да се идентификува со гангстерите на крајот од патот, и на сцена да постава драма што ги слави „оние што немаат право“, оние „коишто престанаа да живеат со животот на овој свет“ и влегоа „во авантура како што се влегува во манастир“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оттогаш Гого не бил таму, само слушнал дека конаците ги обновиле пред да пропаднат, макар што во манастирот не останале калуѓери да го опслужуваат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Во манастир. - Во манастир? Зошто? - Да зјапам во икони, да искривам врат гледајќи во фрески.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Птицата со црно писмо Ја праќаат во манастир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш Крсте се поштукна од умот и онеме, некои тврдеа војниците му го искорнале јазикот, и отиде да биде овчар во манастирот Трескаец, Прилепско, каде што, педесетина години порано, еден друг Акиноски беше игумен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едни, по исплакувањето на Молитвена Вода, прочистени, успеваа да се вратат во крилото на семејството и во крилото на заедницата, (таквите беа оставени на мира, како ништо да не се случило со нив и во нивниот живот), други, кои и потоа, и по исплакувањето на Молитвена Вода, не успеваа да си го повратат мирот и спокојството, стануваа тихи и вовлечени во себе, чудаци, трети, длабоко неутешените, или стануваа божјаци, или одеа во манастир, или, непречени од никого, заминуваа некаде и не оставаа по себе никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За сите нив, по нив, остануваа само добри зборови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обидуваа да најдат засолниште во манастирите, нудејќи им се за измеќарки, да служат колку само за лебецот и сонот под суво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Влезната врата во манастирот не е под клуч.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Оболевме од разни времиња” им велеше на оците во манастирот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една ноќ сони отец Ангелариј некаква машина што сама пишува писанија и ги размножува, за час, во неброен број преписи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тој ден сите кренаа раце од него: со ноќи остануваше над масата за препишување и се okno.mk | Margina #32-33 [1996] 126 обидуваше да се сети, да ја нацрта машината што ја беше сонил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очите му светат како јагленчиња, лицето му се издолжило, чиниш кожата ќе му се дупне секој миг од острите јаболкца и брадата. @еден е отец Лаврентиј, гладен е, измачен; трча и паѓа, колената му се жива рана, табаните - камен, жолт е отец Лаврентиј, жолт како свеќа, но носи абер во манастирот во кој мора да стигне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Спокојна била сестра Ангелина во манастирот, но и манастирот бил спокоен со неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Прошепоти: - Долго те гледаме како доаѓаш во манастирот и се восхитуваш на нашите дела, пееш и молитвееш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Земјата полека се ослободувала од дивиот мраз кога двајца идни воденичари и посници без апостолник и без расо дошле во манастирот на светецот Никита да побараат благослов од игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Симон Наконтик, в темница уште повретенест, стоел над него, веќе чекал да биде повикан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не можам, се бранел попот и ги вртел кон нив дланките како да сакал да ги одбие од себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И знаеме и не знаеме. Со денови оди по нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Селото и сѐ околу него било пусто, а какви болки вриеле во душата на тој човек, не се знаело - ни тогаш ни сега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оној што им бил покорен на нашиве закони не пцовисал за сомун во Лесново и не се жбиравел гладен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе испиеме, рекол гласно Онисифор Проказник. - Но најпрвин оставете нѐ да клечиме во манастиров и да се молиме за нашите мртви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клечеле на коленици пред тој библиски чин на западниот ѕид во манастирот на осамената машколика игуменија Минадора, се молеле, верувале благословени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Гром ќе удри во манастирот и ќе нè сотре со оган. Фиданка Кукникова има жив маж, тоа го знаете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земи ја за некое време во манастирот. Потоа ќе видиме, ќе помогнеме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Петка Римјанка остана со скршено срце од болка. имотот си го подели на сиромашни, гладни и голи... отиде во манастир да слугува отиде како монахиња...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Еден од поводите да го направиме овој мал тематски блок беше и овогодишната Летна школа на архитектите што се одржува во манастирот Јоаким Осоговски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чунки кај што поминал цар, друг поп, или мирјанец, не даало закон да поминит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ошле, та раскажале и го отвориле манастирот, и до ден денешен ет отворен.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле се научиле од овчари и од друзи, оти в манастир трештило од ведрина и ровјата удрила над црква.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогај како да му притекнало, оти ет убиен зверот, та се престрашиле и се насобрале луѓе обружани, та му пошле в манастир и овде, онде - еве ти го зверот убиен стред црква, на коските од каугерите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Зошто избега во манастир?“ ја праша - „Не сакав да имам пород од животно“, му рече таа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тие денови кога Цанулица му се врати на Цанул, жена му на Полин, Девица, избега во манастир.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа ѝ дошло до нос на жена му и спас нашла во манастирот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Значи, обожавам излети, па да се оптегнам на ќебе и со деца фудбал на голчиња направени од двете влечки да се разиграм боса, па скара и салатичка во леген за со ж’та (во мојот случај лимонада)и сѐ така до крајот на денот со свеќа запалена во манастирот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во манастирот барем можев да пишувам слободно, кога ќе сум слободен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По три години откако првпат ги чув овие зборови, во манастирот дојдоа тројца комити.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, откако му се изгуби поштивијата работевме во манастирот колку за лебот и за по едно рало опинци што ги чувавме за зимата. 18
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А во манастирот не ни беше толку лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чинеше дека постојано е потонат во мисли, но не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сестра му отиде во манастир, а брат му побегна во Америка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во манастирот Св. Наум неретко престојувале и дервиши.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Подоцна, тој пак замина назад во манастирот, но веќе со мајка му имаше редовно допишување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој некаде во манастирот Св. Тројца, зад граница, слушнал за смртта на татко му на радиото. Можел таму да го фаќа Радио С...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само јас знам за нејзиното страдање дури дозна, и откога дозна, дека Стефан е во манастир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па, така, тогаш, бидејќи бевме во Маврово, се одлучивме да одиме во манастирот Јован Бигорски.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во манастирот во Рајчица Мелинда и Џон разговараа со калуѓерките.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Некаде околу ручекот стигнавме во манастирот Свети Наум.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вечерта спроти Велигден се одлучивме да одиме во манастирот Јован Бигорски.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тој ги научи во манастирот сите поповски марифети од поп Спира, на кого му помагаше во службата како нему што му помага сега Кушо, и требаше само да го „благослови“ владиката и да си започне со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Анџак мене на Митровден ми излегуа меѓата во манастирот, да не се главуам пак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го продаде брашното, сирењето, гравот, волната, житото и другите „дарови" што ги собра в село за свети Илија, си го јавна вакафскиот коњ и си отиде во манастирот да му ги однесе последните пари на егуменот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тој дошол прво да жние и врши, потоа останал момок; после го зеле во манастирот во Света Гора како обичен слуга на сите калуѓери.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој слушал неколку години црквена служба во манастирот и покрај молитвтите што ги беше научил напамет му остана како зборче она „паки, паки“ што го повторуваат поповите толкупати во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, Стале остана петшеснаесет години во Света Гора во манастирот свети Ѓорѓија Зографски.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали ако во првиот сон заскитате во стварниот живот Во вториот ќе се приберете во манастир?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Имаше Татко пријатели и во манастирот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде луѓето успеваа полесно да ги помират разликите, да си ги смират страстите, да го најдат патот на братимењето, да почитуваат добрини на исти светилишта, во манастири, во џамии и во цркви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога бев во манастир, слушнав од еден калуѓер интересни нешта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Гледа во рачниот часовник Екстра Специал Дигитроник: - Извинете ме, задоцнив 17 секунди и 1 десетинка, („Овој не го примаат назад во манастир.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А отец Серафим задолжен за манастирската визба, наточи вино старо од повеќе години, со интересен мирис на бочвата во која лежело и им рече дека ова вино во манастирот се пие во ретки прилики, на ретки свечености, за ретки гости.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Три дена и три ноќи оѕвиваа свирките и тапаните во манастирот, се виткаа ората, не стивнуваше веселбата. А потоа завладеа мир и тишина во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вие сте продадени души... Непријатели држите во манастиров... Останаа живи на Кајмакчалан, не ги смачкавме, а сега се прават пријатели... Вие сте издајници... Заради нив сакате и мене да ме убиете...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И полковникот Жино сакаше што повеќе да остане во манастирот, што повеќе да ужива во оваа убавина и што подетално да го проучи прекрасниот живопис, прекрасното сликарство на црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И одново луѓето го однесоа во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На сите им определил денови кога ќе доаѓаат во манастирот во текот на годината за да има постојнао во манастирот луѓе за да му прават друштво и да го веселат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се спуштаа во Полето врвејќи крај манастирските бавчи, лозја, овоштарници, ниви, а потоа крај брегот на езерото и стасаа во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Животот во манастирот убав.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Уште како млад проведе неколку години во испосничка ќелија во манастиров под тешки услови...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Каде го носат? - прашаа полковниците. - Во манастирот Свети Наум...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тоа време во манастирот дошол човек што го мачела крвта од брата си кога го убил при делење на имотот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можејќи да го излечат, родителите го донесле во манастирот. Но и тука продолжил да го прави истото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Спроти избивањето на пожарот, во манастирот дошол Али-бег, сопственик на чивлизите во селото Езерец, со неколку негови другари да го проведе денот во манастирот, како што тоа почесто го правел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На ручекот игуменот го викна и отец Иларион, кој во манастирот ги лечи душевно болните луѓе што ги доведуваат од разни места и го престави пред полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога им се качија на коњите за да заминат во манастирот, коњите под нив гореа од жештина и испуштаа пареа, недоодморени од силното јавање, од силното опкршување низ селото терани бесно од камшикот на прислужникот Геро.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пред нив езерото одблеснуваше на месечината, а црквата, дрвјата и другите објекти, во манастирот оцртуваа чудесни контури.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Да, - рече игуменот. - Сѐ што е посадено во манастиров има нешто свето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XVIII По неколку дена откако замина пратеникот на Кралската влада, во манастирот стаса пратеникот на Албанската влада да ѝ го пренесе на Комисијата ставот на својата влада.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Отец Иларион чинише сѐ за да го излече. Го вадеше пред питачите што доаѓаа во манастирот да бараат леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Им кажа дека англиската влада - по добивањето на извештајот на својот пратеник кој навел дека бил воодушевен од глетката што ја видел во манастирот на чиишто патронен празник присуствувале преку петнаесет илјади верници, и дека манастирот е духовен центар на целиот крај - побарала Конференцијата на амбасадорите одново да ја преиспита својата одлука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XIV Пратеникот на Кралската влада од Белград, кој уште од порано беше најавен дека ќе дојде да стапи во контакт со Комисијата, денеска стаса во манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Фреската во манастирот ни кажува дека и ангел и ѓавол имало во нас... И добро и зло...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
II Пред зајдисонце ја минав границата од страната на Албанија. Се вратив во Манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Останав ноќта во Манастирот. Во надежта некои од моите да ми дојдат во сонот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Чуварот на шумите над Врановци, Климе Саздов, дојде во Манастирот со џумка на челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
КУРТА: Еднаш ме викнаа во манастирот кај Трескаец.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А во меѓувреме, ја расипаа црквата што се наоѓаше во манастирот и од неа направија клуб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сѐ беше многу убаво нацртано во бои.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од сѐ да се откажам, од сѐ да побегнам, во манастир да се затворам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да ми остане лозјето!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Полошо од улав...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море да можам Теодос во манастир да го пратам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зачуден зошто мајка ми пали свеќа кога е од друга религија, таа ни одговараше дека и кога живеела во Поградец, палела свеќа во манастирот Свети Наум, како што православните Албаници, оделе во џамии...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка ми, макар од друга религија, според добрата традиција на меѓусебна верска толеранција, идејќи во манастирот Свети Наум и од онаа страна на границата, од Албанија, и од оваа страна, од Македонија, редовно секогаш палеше свеќа во манастирот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
167 Македонскиот американски народен сојуз е формиран во 1938 година, а произлезе од Македонскиот народен сојуз, кој беше формиран во 1931.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
165 Информацијата погрешно е пренесена. Првото заседание на АСНОМ се одржа на 2 август во манастирот Прохор Пчински.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Отец Прохор Пчински", каде се прокламираше македонската држава како федерална единка во рамките на југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Познато е дека заседанието се одржа на 2 август 1944 година во манастирот "Св.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога заклепа, некои го чувме, некои не го чувме, ама брзо-брзо се собравме и му отидовме во манастирот на Петрета Питропот, сега даскалот наш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќето во манастирот по некогаш и во црквата Свети Никола под село, што нам ни беше многу забавно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На Тефика, горе во манастирот, беше му текнало шет е работата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога Турците заминаа далу надолу, му ја дадовме срната на Килета од дедо попот да ја врати во манастирот, а ние си отидовме дома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оттогаш наваму соборите во манастирот престанале, зашто луѓето се плашеле од грчките жандари кои се заканувале сѐ живо да испоколат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Срната ја чувавме во манастирот и ја храневме со сено и имела од дабјето околу манастирот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тефик, изгледа се заинтересирал и тргнал по загарот кој го довел право во манастирот кај дедо попот и Петрета Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Еднаш го чув дедо Геро Војвода кога горе во манастирот им рече на Петрета Даскалот и на дедо попот: „Јас не знам Брановци што чекаат’’.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како што зимоска срната се засолни овде во манастирон од глад или потера од волк или нешто друго, таа така и сега е дојдена од мака.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така родителите се беа договориле под тремот на Свети Никола – штом клепалото удри, децата што се за учење да се соберат во манастирот Света Петка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
4. Не знам како другите деца ама јас се плашев од учењето што требаше да го учиме горе во манастирот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во она време кога во манастирот живееле неколкумина грчки калуѓери, кои веројатно го донесле грчкиот поп, тие клепалото го удирале за утрена, за вечерна и за други нивни потреби.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ЕВТО: Татко ми во манастирот беше протојереј.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИХАЈЛО: Се враќаме со татко од дрва, дојдовме до дворот, тишина, влеговме во манастирот, локви крв, сите заклани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СУЛТАНА: Пердуви да летнете. Не доаѓаш во манастиров. Тука живеевте. Мачно ти е качувањето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Потребно е до тој ден во манастирот да се живописат фрески.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ВЕЛКОВ: Ќе одиш вечер пак во манастирот!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПАНАЈОТИС: Ти. (Пауза) И јас. (Пауза) Каде шеташе? ЕЛЕНА: Бев горе... во манастирот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Работевте на своја сметка, а сега веќе не можете затоа што Гркот почна со работа во манастирот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Шетала по коријата па дошла во манастирот кај нас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Ангеле влегува во манастирот и со долг скок доаѓа пред Кајмакамот. Сите се повлекуваат наназад изненадени.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
АРАМИЈАТА: (Приоѓа до Михајло) Јас бев оној во манастирот. Сега сум во државна служба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не работите веќе во манастирот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Во манастирот влегуваат Панајотис, Елена, Кајмакамот, Остоиќ, Велков, Првиот зограф и Вториот зограф.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На денот на Свети Пантелејмон, великомаченикот, кога папуџискиот еснаф излегуваше во манастирот во Нерези, Тодора ја грабна родената Костадинка, Коца, и прва излезе пред порти да седне во чезата врз посланото веленце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бајко беше голем итрец и, на времето, смисли итроштина, иако за тоа плати дванаесет перпери казна: го запусти лозјето, ја префрли земјата на брат му, ги закла свињите, ги олапа говедата и овците, ги грабна само суџуците, пастрмата и, едно, две, еден ден ги собра Бајко Марија и малечкиот Петрета кој изгледаше помалечок и од што беше, и се префрли во манастирот Свети Ѓоргија - Горг над реката Серава и ридот Вергин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не рече Тодора дека очекува од попот да биде кодош и да го поткаже Петрета на светите отци во манастирот Свети Ѓоргија - Горг, па да ѝ го тргнат пред очи тој неранимајко што знае само деца да прави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рече: „Сум те гледал многупати кога доаѓав во манастирот, Петре. Те меркав и те запаметив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко му на Петре, Благоја, Бајко, Блаже, благ како пипер, беше ковач: дојден во манастирот од струмичката нахија, село Градец, небаре го извади Петрета како копија од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, токму по оној настан во манастирот Нерези, кога него го водеше не неговиот ум, туку некоја друга сила инаетчиска и бесна, тој небаре престана да врти на празен чекрек.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)