во (предл.) - марш (имн.)

Во текот на седмицата по секоја парада на геј-гордоста, во локалните весници (и главнотековни и геј) по правило излегуваат десетици писма со приговори дека геј-гордоста станала параспур на изроди и дека учеството на сите тие распашани креатури во маршот ја озлогласува хомосексуалноста и е штетно за каузата. ‌Политиката на геј-идентитетот ни донела неспорен и бесценет сплет од слободи и допуштенија, сигурно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одат со замижани очи, се држат за шинел, за појас, еден зад друг, грбот боли, дремката завладува, спијат во марш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Митре заостанува во трчање, во влечење, во маршот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Криви, свиткани, болежливи, чекориме во маршот зад другарот од 102, 103, 105, 107, 18, 14 бригада....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како смее никаквецот, да дозволи да му се сопнуваат војниците во марш а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Песната беше застрашувачка од вик на хорови од стотици гласови, под ритамот на чекори во марш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Однадвор допре тропот на чизми во марш. Железната врата се отвори со тресок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)