во (предл.) - маштеница (имн.)

И како ќе голтнам така ќе ме жегне под скутината. Си мислам: сум голтнала мрава и мешам во маштеницата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АНДРЕЈА: Поминуваат покрај нас зад заматени прозорци и нѐ гледаат како да сме муви во маќеница.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И го зема стомнето од под ветките и тура во рачникот, во маштеницата. Маштеницата се танчи и помодрува ко небото. 34
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)