во (предл.) - мев (имн.)

„Секогаш велам, ако имаш мачнина, веднаш изблуј се. Уште додека ти е тазе во меот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Избор Крици од длабоките пори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Фетусот е гладен. Залудни сигнали; вселена во мевот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ама Тодора, наместо тоа, ригна да плаче. Се стрчаа сите, да ја галат, да ја тешат, чувај боже на детето во мевот да не му напакости.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Над глава - ќерамитка, под мршата сламарник, во мевот - царски леб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Мори, детево почна да ми клоца во мевот, ми вели таа, и тоа тргна кон некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После сите ми стегаат рака и со чудење ме гледаат во мевот, кренат до под гуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го фрлам билтенот, ги удирам колената во мевот и се стегам така, се превиткувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Хм, така велам. Зашто, кога ќе загризе нешто во мевот, и јас тоа го правам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Како да сме во мевот на некое огромно животно, не ти се чини?“, го прашувал и ударал со чеканот по утробата на чудовиштето обложена со камен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И пак ќе почне едно давење, грвалење за водата, за потокот и мечката одново ќе отрча да се качи на буката, велеше, ама буката ќе падне, заедно сосе мечката, велеше, и крмакот, засилен, ќе ја дупне во мевот со секачите, со ’рпалите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А децата, ко деца, си бараат. Децата и добиците никогаш не прашуваат дали има или нема. Си плачат, си мукаат, волчица им вие во мевот. Им се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам, вели Здравко, нешто ме врти во мевот. Наопаку ми го врти мевот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нозете ги собирам во мевот, рацете ми малаксуваат, откинати ми се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)