во (предл.) - мелодија (имн.)

Додека таа, не забележувајќи го, беше внесена во мелодијата, тој ја прекина велејќи ѝ: „Нешто многу ти легнала на срце песнава!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изградете си и вие храм, светилиште, олтар, во кое ќе се молите за божествена светлина во вашите погледи кои ќе ви ги поврзат душите со оние кои ги сакате под златната месечина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во овој нечист свет јас си имам засолниште, тоа е мојот олтар од бели орхидеи, а патот до него е послан со розеви и црвени ливчиња од рози, хорот од ангели ја претвара нашата љубов во мелодија за душата, а Купидон на лира ја свири химната на среќата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе ви посочам еден начин. што се добива ако се гледаат поредните интервали во мелодијата B-A-C-H?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Моментно заборавив дека се наоѓам в црква и, изморен, уживав занесен во мелодиите на Лист.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)