во (предл.) - менза (имн.)

Така, трап-трап-трап низ градот. Свртевме и, пред да излеземе на право, го загубив чекорот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Заврши мојата работа во мензите и ме назначија контролор по автобусите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секое утро се постројувавме, се избројувавме, правевме гимнастика и во строј одевме во менза по истиот воен распоред како што бевме порано, со истите команданти и политички комесари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доброволците да се соберат во мензата! Доброволците да се соберат во мензата! - повторуваа кутиите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)