во (предл.) - метропола (имн.)

Често настапуваше на платоа во Метрополата, крај дрвореди, испраќаше ливчиња по реки, во отмени салони ухнуваше здив во стаклени чаши и говореше со јазик на јасновидец, излегуваше гол, со кренати раце на полна месечина, и луѓе слични на него, почнаа да одат по него, да го слават и да го тажат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога замина Татко од Цариград, по свршувањето на студиите, и неочекувано за сите во поширокото и во потесното семејство, се врати во гратчето крај Езерото, никогаш повеќе не се врати во метрополата крај Босфор на својата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А во исто време, двајца млади, штотуку дојдени во метрополата, ги собувале опинците на железничката станица и, боси газејќи по подот со плочки, каков што дотогаш немале видено, бегале за да почнат нов живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Цвета беше немажена, на возраст кон педесеттата година, незаинтересирана за светот долу, во Метрополата, и често остануваше да ја преспие ноќта во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)