во (предл.) - мода (имн.)

(Му го кине фустанот) Види колку е волнест! Си требал да се депилираш, свињо!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како ин фаца зар не си чул дека тоа е во мода?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секако на патот од спутникот до електронскиот мозок ќе ве сопрат и други занимливости, особено модната ревија „вреќата“ и „трапезот“ им го отстапиле местото на фустаните до над колената, на она што пред десетина години беше во мода, како и атомиумот и сѐ што е пред вас ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие пак дојдоа во мода меѓу 1910-та и 1920-та, во врска со книжевниот "конструктивизам", пред сѐ во okno.mk | Margina #22 [1995] 23 Русија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Црвеното, се разбира, секогаш е во мода, особено кога дамите бираат, а и кога и паѓа цената на фантазијата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Жив показ дека може да се танцува и без музика, дека црвеното навистина секогаш е во мода и дека на изгрејсонце секоја танчерска ноќ станува минато
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Лелекањата секогаш остануваа во мода, а со годините му се креваше и цената на заборавот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Неговото траспонирање станало влијателно и при правењето костими и во модата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еволуирајќи од некој вид на продолжено сако до иконичкиот знак на тренчкот, дождовниот мантил дури во средината на педесетите влезе во мода.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако Dancing Ledge, покрај сето богатство од детали за приватниот живот, општествените и културните случувања од педесеттите, шеесеттите и седумде­ сеттите години во Англија, за желбите, соништата, први­те филмови и успеси, претставува колажирана слика на борбата за право на филм за Караваџо (во 1986 г. из­лезе и преубава сликовница Џармановиот Караваџо, која претставува луксузна документација за сите фанови на дуетот Караваџо-Џарман), книгата The Last of Eng- land е документација на трудот околу раѓа­њето на истоимениот филм, исказ за крајот на дека­дата, за загубата на илузиите, животот со вирусот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсутното е забележено на “хартија што зборува” (како што би рекол Пазолини) и насловено е со името Караваџо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа секој што денес носи реј бан наочари за сонце, носи еден иконички знак на дваесетовековната митологија и дел од живата традиција на новата потрошувачка култура. Burbery Секоја есен и во рана пролет луѓето ги облекуваат долгите мантили за дожд, кои се знак за еден неодминлив моден имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со додатна забелешка: духот на постмодерната би можел да се забележи и на самиот почеток на Џармановото творештво, единствено што тогаш терминот “постмодерна” сѐ уште не беше во употреба, т.е. во мода. ...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кинески доселенички роман, тоа е сега во мода.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Миле Аето, како што се викаше необичниот нов роднина на Паца, беше кусо набиено човече, нослест и сипаничав, со криви нозе во чизми до под колена и брич панталони над нив и со капа со тврда сенка какви што за шофермте на лимузините уште се во мода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Денес е во мода – или, барем, беше модерно во релативно пркосната машка геј-култура од 1980-тите и 1990-тите, кога пишуваше Милер – геј-мажот да си ја покажува геј-гордоста, сексуалната ослободеност, така што ќе си го чува купчето геј-порнографија ставено на виделина веднаш до креветот, заедно со разноразните други еротски помагала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Воскреснаа битниците- пророци, се свиреа повторно алт-саксофонски рифови на електрична гитара, мудроста на Истокот се врати во мода. Беше истото, само поинаку. okno.mk | Margina #1 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И кога во мода влегоа чорапогашниците, значи хулахопките и тие тенките и нежни работи за под фустан, терав пат во Дојче Демократише со оправдување дека одам за да ја поправам протезата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Порцеланот на голема врата влегува во Европа во мода во времето на барокот и рококото, а со појавата на чајот, кафето и чоколадото се создаваат и голем број облици на садови, се појавува поимот за сервис како целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски оваа потрага по тајните на порцеланот во Кина и во Европа ја вршеше за да ја спореди со неговата судбина во Османската Империја, во којашто под името чини (ini) ќе се подразбере домашната керамика, со центар во Изник, каде што во голема мера ќе се користи кинеското и персиското искуство во подрачјето на грнчаријата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На времето било во мода да се смисли некаква тема, дополнета со неколку штоса, и да му се остави на друг да го “открие” канонот базиран на таа тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Поетите често прават слични работи (иако денес тоа не е баш во мода ). 118 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На пример Луис Керол често криел зборови и имиња во првите букви (или знаци) на последователните стихови од песните што ги пишувал. Таквите песни се викаат „акростихови”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа тогаш беше во мода. Да. okno.mk | Margina #3 [1994] 33
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)