во (предл.) - можност (имн.)

Како резултат на лошиот раководен процес и лошото планирање, често и речиси редовно се случуваше да се остане и по неколку часа повеќе од полното работното време, а за ова прекувремено работење работниците воопшто не беа платени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради близината на неговата работна позиција до 37 раководството на компанијата, Н.Н. беше во можност да ги забележи сите дејанија и начини на работа на раководниот тим – што секако вклучуваше и многу ризици кои подоцна, во ноември 2001, се ефектуираа со незаконит отказ од работното место, со што и настанува спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, она што ги прави интересни во прв ред е потполната свест дека, иако значењето е лоцирано во дискурсот, а се чита во контекстот, дури ни традиционално сигурниот контекст (високата култура) не е во можност потполно да ги контролира значењето што го „влече со себе“ и значењето од другите контексти. нафф 6 „Нема сомневање дека отпорот на свесното и предсвесното Јас стои во служба на принципот на задоволство, сака да го спречи незадоволството што би било предизвикано со ослободување на потиснатото и нашиот труд оди во таа насока да се издејствува допуштање на таквото незадоволство со повикување на принципот на реалноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Претпоставував дека треба да направи не само увид во можностите, туку и извесни консултации.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да ви образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
За три до пет години ќе бидете во можност да ја пробате виртуелната реалност, на подобрите универзитети, во спектакуларните забавни паркови за кои сепак мислам дека нема да бидат вредни труд...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Постојат сите основни компоненти, но сè уште во покриен облик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сè уште ќе бидат прескапи за да ги имате дома, но многу луѓе веќе ќе бидат во можност да ги пробаат, да ги доживеат низ различните институции и низ работата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога еден ден ќе бидеме во можност таа маса да ја раздвоиме на холограмски доволно густи елементи, нашите сетила не ќе бидат способни да ги разликуваат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На неа е телефонот на фирмата која ги замрзнува мртвите тела за да бидат во можност, теориски, еднаш во иднината пак да се вратат во животот. Маргина 34 115
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не сме во можност да го утврдиме бројот на убиените.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во однос на непријателските и окупираните земји СОЕ била слободна да запосли или да стапува во контакти со групи кои се во можност по војната да имаат политичко влијание.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но по разгледување на планот од страна на воздухопловните сили било заклучено дека тие “не се во можност во сегашниот момент да преземат напад на Матка“. Ibidem. 134 Целта на мисијата Conserve била “да ѝ помогне на мисијата Entanglement во инфилтрирање на мисиите во Србија и покасно да постават одделна мисија при Главниот штаб на Србија“. PRO WO 202/515A. 135 Михаило Апостолски, Op.cit., 94-97. 136 PRO WO 202/515A. 137 Михаило Апостолски, Op.cit., 129-133. 138 PRO WO 202/515A. 139 Михаило Апостолски, Пролетната офанзива во Македонија и Поморавјето.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради тоа британскиот премиер Винстон Черчил побарал од Министерството за надворешни работи да се направи комплетен извештај за Македонија, а од СОЕ побарал да испрати свои членови и на самото место да се запознаат со ситуацијата во Македонија.82 Несомнено дека причината поради која Черчил толку многу се заинтересирал за она што се случува во Македонија лежела пред сé во можноста македонското прашање да му ги поремети неговите дотогашни планови за повоеното уредување на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
2. Ако не се во можност да му обезбедат доволно оружје на движењата на отпорот кое ќе биде употребено против окупаторот, како ќе биде можно да се влијае на нив.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мекдоналд известува дека чекаат “нови снабдувања за формирање на нови бригади“ и прашува дали “изведувате дневни испораки. Ако изведувате ние сме во можност да примиме“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како резултат на тоа Првата македонско-косовска ударна бригада и британската мисија биле изложени на „серија на заседи и бевме гонети без ред без да бидеме во можност да имаме каков било одмор или храна“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Добивме информација за Ratweek, за жал бригадата не е во можност да ја изврши потребната цел на југ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Современиот човек и покрај историското искуство, технологијата и довербата во разумот или развојот на цивилизацијата, не е во можност да овладее со причинителите на кризите. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 156 Наспроти свеста за тешкотиите и загриженоста, стојат урбаниот ентузијазам и футуризмот, честопати наследници на идеологиите на новите градови и новото општество.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Подготвен си? Не си подготвен? Дали сте во можност? Не е бесплатна цркнувачката!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ова проширување на свесноста е исто за уметноста и за нашите души:тоа е секогаш космичката одговорност на индивидуата која може длабоко да биде сфатена и примена само преку креативна револуција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу е важно за секој писател да биде во состојба да ја прифати неправедната критика смирено, и, кога ќе биде во можност, да одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој период Бојс сѐ уште ѝ се обраќаше на утробата на Мајката, Девица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој беше сосема во можност да биде длабоко митоло­гичен и антропологичен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие имаа завршени стручни училишта, работеа и студираа, беа веќе свои луѓе а беа и во можност не само да обезбедат леб за своите семејства туку и да помогнат со понекоја пара за нас, помладите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дури и кога се вшприцува физичката зависност не се појавува веднаш, така што доста корисници се во можност да го употребуваат одвреме навреме во подолги временски периоди без посебни последици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со демаскирањето на практиките на моќ, индивидуите се во можност да заземат став кон нив и да се спротивстават на нивното влијание врз нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Испитувањето на искуството на овој пар за односот помеѓу Џон и Ен доведе до реактивирање на старите знаења за реагирање во конфликтни ситуации; иако овој процес не е без замки, тие сега се во можност да ги решаваат расправиите околу обврските, односот со децата и имотот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој пар посведочи за неколку ситуации во кои тие биле во состојба успешно и разумно да ја разрешат расправијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова се постигнува со вклучување на индивидуите во екстернализирачки разговори за овие практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сѐ додека многу сериозно се занимаваме со прашањата кои и што сме биле за време на последните 40 години, нема да бидеме во можност да се ослободиме од потре­ бата да ги средуваме сметките.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Второ: тоа не е метајазик. Не верувам во можноста за метајазик па затоа она што го пишувам не може да се наоѓа во некаква металингвистичка состојба.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мачнината на божемнот грев, за кој немаше вина, а ни самиот не беше сигурен дали е грев или не, го убеди во можноста на успехот во долго подгтвуваниот чекор кон внатрешноста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оваа монографија е втор обид тој интерес да биде задоволен.* Ние сме свесни дека, поради недостиг на доволно архивски и друг материјал, не бевме во можност да одговориме на повеќе прашања што во темава ни се наметнуваа и да ги пополниме сите празнини што се појавуваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, за нив не се зачувани никакви податоци и не сме во можност да дадеме макар и најкраток опис за нивните карактерни особини, физичкиот изглед и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш побарал да се собере сиот лук и рамномерно да се подели меѓу луѓето, по десетина главички на човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале во можноста да бидат проклето соочени со нов непријател, најподмолен од сите што ги познавал човечкиот род, но со искривени муцки џвакале лута белина и трепкале со засолзени очи - најпосле Онисифор Проказник е тој што треба да се слуша и тие нема зошто да се бунат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Прости ми до небо што не сум во можност да те испратам. Имам еден сериозен случај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жал ми е само што не ќе бидам во можност да го одиграм победничкиот танц.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Историјата не располага со други податоци за врагот, иако е голема штета тоа што не сме во можност да го следиме неговото движење од времето кога, по реставрацијата на Меиџи, пак дошол во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А во мај излезе Јусуф од заробеништво како победник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синот на инженерот Ајфел, зашто великиот татко веќе од пред повеќе години беше умрен и погребан, пребледе како крпа. Зар бевме во можност да се бориме?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве го Претседателот со цилиндар и редингот, во кралска кочија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е тоа дека тој се задржува, бидејќи бев во можност по неговата сребрена трага да се уверам како својот од го продолжува и оди во добар правец, иако тоа за него значи качување и симнување низ безброј ѕидови или преминување преку цела фабрика за макарони.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Може да имаат многу квалитети, но никогаш не се во можност да бидат многу високо на општествено - културната хиерархија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така си во можност да го предвидиш лошото и да спречиш да се случи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Првата препрека во можноста за оформување на прецизно нијансирање на различните појави во областа на ликовната уметност и нивното паралелно и организирано поткрепување и спротиставување би било отсуството на јасно дефинирана и организирана комерцијална ликовна сцена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но овој рачно нацртан, Art Deco инспириран фонт бил направен 178 okno.mk со таква леснотија што судиите се посомневале во можноста фонтот да е направен од професионален дизајнер кој се затскрива како тинејџер, и всушност се обиделе да го дисквалификуваат учеството на Frere-Jones.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Шесте жени од Прифатниот центар за странци, што седеа на долгата маса крај каминот, во придружба на Тихомир од Машкото друштво “Осамени срца”, беа гласни во расправијата околу предлогот за легализација на проституцијата, и не беа во можност да го слушаат разговорот што во непосредна близина, во сепарето, го водеа Софија и Киријаз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас тогаш не бев во можност да одговорам на поканата на началникот да се видиме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не постоеше физички чин, не постоеше гласно изговорен збор, што тие не го забележале, не постоеше тек на мисли што тие не биле во можност да го погодат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не мислам дека индустријата за забава ќе биде во можност да ги наметне старите модели на филмската индустрија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Новиот закон му овозможува на работодавачот обврските и работите за безбедност и здравје при работа да ги довери на овластени правни или физички лица ако не е во можност или нема соодветни стручни вработени и техничка опременост таквите работи и обврски самостојно да ги извршува (чл. 6, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бидејќи невработените лица и при најдобра волја не секогаш би биле во можност во роковите утврдени со ЗВОСН да се пријавуваат на објавените огласи и да достават доказ дека така постапувале, објективно, со одредбите на Законот од 1997 и со измените од март 2000 година од невработените лица се бараше нереално преголем ангажман за решавање на својот проблем со невработеноста.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Критериумите во овој прирачник се мошне корисни за контрола над популацијата, бидејќи сте во можност да ги примените врз било кого кога тоа го бараат околностите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледнете го ова: „Пореметување на спротивставување” е мошне добар пример (Леинџ го цитира DSM-III): „Главниот симптом е системот на дивото, негативистичко и провокативно спротивставување на авторитетите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Просто поверува во можноста случајноста да му ги донесе случајностите што ќе го водат кон случајна разврска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се врати. Ама оние кои умеат да се свртат кон секоја виулица што доаѓа откај Црвен рид, секогаш се во можност да ја видат нејзината црвена шамија распната пред крилата на ветерот што се готви за на пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од многу негови причини, до кои не бев во можност да допрам, фацата на мојот брат беше расцветана во насмевка, а неговото лице растеше над сите граници на надмоќта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаевме дека не си во можност да го платиш логорувањето, и тоа сите ние, другарски, со го поделивме...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Штета што не беше во можност да се ожениш за мене.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гледаш не сме во можност да појдеме на зимување.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но и самиот не бил убеден во можноста тоа да се оствари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 27 декември 1944 Форин офис им испратил телеграми на амбасадорите на Велика Британија во Москва и во Вашингтон за да ги запознаат владите на двете големи сили со британскиот став во однос на македонското прашање и федерацијата меѓу Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на Турција, нивниот предлог бил дека е потребно да ја напуштат сегашната британска „политика на присилување на Турција да влезе во војна“ со примена на заканата дека ако не влезе, ќе ја остават „сама да си ја срка чорбата по војната“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кер изразил сомневање во можноста да се добие искрен одговор од Советите, но бил категоричен тоа да се направи поради фактот што „општата ситуација во Македонија се влошила на таков начин што целосно е на штета на нашата позиција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Остварувањето на тоа, според нив, „не би требало да е тешко“, а би требало да излезе уште полесно „доколку националната влада, во која ќе влезат сите партии и која своето постоење го должи најмногу на нашите напори и поддршка, ќе се зацврсти толку сигурно што ќе биде во можност да ја преземе администрацијата на државата за ослободување на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еванс, исто така, се осврнува и на можноста на употреба на сила од страна на Македонците за добивање автономија или независност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ним воспитувачите во Домот треба да им ги заменат родителите, коишто, од овие или оние причини, не сакале или не биле во можност да ги задржат крај себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ама, таа вечер, ете, се случи, никој од нив, ама баш никој, да не биде во можност да „им , се најде“ на моите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
[...] Бевме во можност да дадеме каузални објаснувања кои генерално се во согласност со наодите на Пијаже но кои даваат подобар увид во механизмите што стојат зад процесот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Компјутерите се повеќе од аксиоматски системи; но, во секој случај, многу поверојатен е заклучокот на Gödel дека за секого постојат некои вистини - веројатно нејасни, детализирани факти за нив самите - коишто тие инхеретно не се во можност потполно да ги досегнат без притоа да се стане друга личност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ти сосема јасно одговараш на прашањето во пасусот наведен подолу, во кој е очигледно дека штом ти си повторно уверен дека Серл сигурно станал месечар, кој веќе не е во можност да ги одбие менталистичките атрибути кои што сме навикнати да ги проицираме на нашите невини компјутери (коишто не се во состојба да укажат дека нема никој дома и дека атрибутите се затоа лажни), тогаш проекциите повторно слободно протекуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(16) Тажната вџашеност на духот пред кражбата на работите која веќе Valery ја спомена по повод Leonardo како „најчуден проблем кој било кога можеш себеси да си го поставиш (...) а кој се состои просто во можноста на другите интелигенции, во множеството од поединечно, во противречната коегзистенција на меѓусебно независни траења - tot capita, tot tempora - проблем споредлив со проблемот на релативноста во физиката, но неспоредливо потежок (...)”. okno.mk | Margina #3 [1994] 17
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но, ете, не сум во можност да одберам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)