во (предл.) - молитва (имн.)

Ех!... Така во молитви и во исчекување да се врати дедо и тате, кои ги испратија сургун, поминуваше времето во нашата куќа, ама не и во селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој не се препушташе на ритуалот на ритмувањето на времето како верниците во молитвите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако постоеше некаков Бог на татковите книги, тој беше во молитвата на трпеливоста на верниците...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ги раздиплив картоните меѓу кој лежеше акварелот, кога го извадив на дневна светлина, забележав оти тоа не беше портретот со лузни, темен и оскбен, тоа не беше ликата на остарената, грешна и гнилежна Ангелина, туку во боите сјаеше ангелско лице, онакво какво таа го посакувала во молитвите упатени до Троичниот Бог и Пресвета Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој ѕид и секој камен го престориле во молитва и писмо и сега коленичат пред нивниот најмлад Бог Молоховски пеејќи му: О, милостив боже за извесно време избери си друг народ зашто ние сме веќе изморени од смрти и трупови и немаме веќе молитви наш милостив боже за извесно време избери си друг народ!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Скопје беше празно, а моето срце полно, исто како што побарав во молитвата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И крстот на грбот мој го немаше. Паднав на колена пред него, во молитва огнена, но ништо не реков; само плачев.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ти реков и тогаш, таа сега е во молитва и не смее никого да гледа.“ „Мене мора. Јас сум ѝ маж.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И дење и ноќе во молитвите ја споменувам Ѕвезда моја... - молејќи се сета згутавена баба Петра неусетно фати да се ниша - де налево, де надесно.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Прости ми, мајчице мила, и Богородице - двете простете ми... - се струполи небаре коленичи во молитва за стореното прегрешение.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Утрото го помина испружен на каучот, со спуштени завеси, во молитва.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По патот по кој дошле се враќале кон Кукулино три запреги со двајца мртовци и еден жив човек; Васко Тушев никогаш не чекорел толку подгрбавен: бил, ако се врати во Кукулино - децата ќе му се израдуваат, ако го пречекаат грмежи на арамиски кубури - не ќе биде, веќе е избришан од дружината, и не ќе го спомене никој ни во пцост ни во молитва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во молитвата Мајка од Бога бараше како и секогаш да ѝ помогне да си ги спаси чедата, овојпат да ја минеме живи и здрави границата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Времето се отвора и почнува во мене да зборува Преведувајќи ме во небо, во скробна исповед Во молитва по која во пустината врне.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
После сами ќе се чуваме, си велиме во молбите, во молитвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На книже се запишуваа само умрените за да ги спомне попот во молитвата на гробишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)