во (предл.) - молчи (имн.)

Во лудилото се раскинува врската меѓу Јас и реалноста, и Јас создава своја не-реалност под влијание на бранувањата на своето несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку ли пати си реков на ова патување, кога прв пат во мојот живот толку силни рефлектори беа насочени кон мене, да мол­чам, да издржам во молчење до крајот на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои од Густавите беа преплашени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа вечер Роза, Паулина, Марие и јас ја минавме во молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од некои соби се подаваа замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А Господ единствен семоќен преку устата на сегрчкиот патријарх на едни им велел да се радуваат, а на други да страдаат во молчење и да се хранат не со добрината и љубовта Божја, ами со горчината на пониженоста...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Доктор Гете понекогаш ни дозволуваше да влеземе во тие соби во кои луѓето лежеа не поместувајќи се или пак претаа – гледавме во тие замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; тие гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)