во (предл.) - мост (имн.)

Само гордите зборови си ја удираат главата во мостовите на времето ама воопшто не се каат што истекле од затворената уста.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во занесот да го создадете најубавото Не заборававте на полезноста О стари мајстори Го вградивте во мостот и кременот (Огнениот череп на Кралот од каменото доба).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И само ние двајцата си знаеме какви брзаци ни течат низ душите додека пред разделба по цел ден зјапаме во мостовите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Немав зборови, на ништо не мислев, само вознемирено и во исто време скаменето гледав во мостот на белото платно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прикрадувајќи се нечујно во целиот простор на бледи силуети, чувствувајќи ја сопствената немоќ, шепот на студен ветер во мојава душа кој крадешкум ме обзема толку силно за да затреперам и знаев тогаш и знам и сега дека ова е мост кој ги поврзува сите наши души, душите на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дедо ми Даниел ја заѕидал сенката на својата невеста во мостот на Луда Река, во нејзините темели.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„При рака имал многу добар и чист песок“, објасни Милан, „Но Даниел верувал дека песокот од реката, употребен во мостот, веднаш ќе се врати во реката. Во тоа верувал.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Глобалистите ги гледаат границите како сè понеодредени и поотворени, трансформирани од економски бариери и утврдени воени линии во мостови за комерцијални трансакции.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)